На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата.

Дека тој треба да биде сменет речиси 40% од испитаниците се согласиле со ова тврдење.

Анкетирањето беше спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
А.Д.
The post Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите appeared first on МКД.МК.
