Претставници на Локалниот младински совет и Локалното собрание на млади при Општина Пехчево, заедно со службеникот за млади Елица Јовевска, овој викенд остварија работна посета на Младинскиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип.
За време на посетата, младите од Пехчево разменија искуства со домаќините за начинот на функционирање на младинските центри, нивната улога во локалната заедница, моделите на управување, како и активностите и програмите што ги спроведуваат за младите.
Од Локалниот младински совет информираат дека посетата претставува значајно и позитивно искуство кое ќе придонесе за унапредување на младинското организирање и зголемување на вклученоста на младите во општествениот живот во Пехчево.
Воедно, беше истакнато дека оваа посета е почеток на соработка меѓу Локалниот младински совет од Пехчево и другите младински центри, како и темел за нови пријателства и заеднички активности во иднина.

