Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Се санира оштетената патна инфраструктура во Берово
    Македонија

    Се санира оштетената патна инфраструктура во Берово

    16/12/20251 Min Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Општина Берово започна со активности за крпење на ударни дупки и санација на прокопи на повеќе локации на територијата на општината, со цел подобрување на состојбата на локалната патна инфраструктура и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

    Како што информираат од општината, станува збор за зафати со кои ќе се санираат оштетувањата на коловозите на улиците, настанати поради неповолните временски услови и секојдневната сообраќајна фреквенција. Со реализацијата на проектот ќе бидат опфатени вкупно 516 квадратни метри оштетен коловоз на повеќе критични точки во градот и населените места.

    Вредноста на договорот за изведба на работите изнесува 998.563 денари, а средствата се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Берово. Надлежните посочуваат дека активностите се одвиваат согласно утврдената динамика и дека се очекува нивно навремено завршување.

    „Со овие активности продолжуваме со континуирано одржување и унапредување на локалната патна мрежа. Наш приоритет е безбедноста на граѓаните и подобрување на условите за сообраќај, особено на делниците каде што беа евидентирани поголеми оштетувања,“ информираат од Општина Берово.

    Од општината упатија апел до граѓаните и возачите за разбирање, трпение и внимателно учество во сообраќајот за време на изведбата на работите, нагласувајќи дека станува збор за привремени активности кои носат долгорочни придобивки за заедницата.

    Previous ArticleМладите од Пехчево во посета на младинските центри во Пробиштип и Штип
    Next Article Во Берово се одржа јавна дебата за дефинирање на приоритети за претстојниот јавен повик за граѓански организации

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.