
Над 22.000 килограми киви, увоз од Србија, кои требеле да се увезат во земјава ќе бидат уништени заради тоа што имале ларви и инсекти. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна го забранил увоз на кивито, кое било наменето за индустриска преработка.
„Станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка. На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник“, посочуваат од Агенцијата.
