Цената на струјата ќе се зголеми во сите блокови на високата тарифа и во ниската тарифа, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален
отпад (РКЕ). Комисијата информира дека цената на електричната енергија во првиот блок ќе се коригира за 2,45 %, а во вториот блок за 2,87%. Цената во третиот блок ќе порасне за 3,32% и во четвртиот блок за 3,84 отсто. Во однос на евтината тарифа, РКЕ одлучи истата да се зголеми за 2,50%.
„Водејќи се од начелото на транспарентност и имајќи го во предвид јавниот интерес кога се во
прашање цените на енергијата и енергенсите кои РКЕ ги регулира или контролира, како и до
сега така и денес ги споделуваме во детали одлуките, односно во конкретниот случај одлуката
за ЕВН ХОМЕ. Регулаторните анализи покажуваат дека сметките на домаќинствата кои
користат електрична енергија во прв и втор блок ќе се зголемат за 2,59 %, додека оние кои што
имаат потрошувачка и во трет блок – сметката ќе се зголеми за 2,79%. “ изјави Марко
Бислимоски, претседател на РКЕ.
еОд Комисијата посочуваат дека не биле прифатени предложените зголемувања на ЕВН Хоум, од каде за првиот блок барале зголемување од 7,66 %, за вториот блок од 8,54%, за третиот 9,63%, додека, пак, за четвртиот било предложено поскапување од 11,86%. ЕВН Хоме за евтината струја предложиле зголемување за 3,96%.
