Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Промоција на првиот чај со 100% ефект против говор на омраза
    Македонија

    Промоција на првиот чај со 100% ефект против говор на омраза

    23/12/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Перформативната акција „Чај против говор на омраза“ има за цел гласно да се проговори против говорот на омраза и неговото присуство во секојдневните јавни и онлајн наративи, а ќе биде поставена на ул. Македонија, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза.

    Акцијата се базира на директна интеракција со минувачите и користи еден едноставен, но длабоко вкоренет симбол во нашата култура – чајот. Во македонското секојдневие, чаевите и билките традиционално се користат како лек за телото, но и како момент за смирување, разговор или тишина. Токму затоа, „Чај против говор на омраза“ го користи чајот како алатка за рационално размислување, забавување на импулсивните реакции и прекин на автоматските навреди и стереотипи.

    Во предновогодишна атмосфера, со симболична сценографија, на граѓаните ќе им се дели чај и кратка приказна за тоа што е говор на омраза, зошто е штетен и како секој од нас може да реагира и да придонесе кон негово спречување. Дел од минувачите и заинтересираните ќе добијат и мало пакување „Чај против говор на омраза“ за дома, со основни пораки и упатство за приготвување кое, преку тишина и воздржаност, симболично повикува на одговорна и свесна комуникација.

    Фото: Чај со 100% ефект против говор на омраза, Иновативни медиуми

    За постигнување на најдобри ефекти, граѓаните се повикуваат строго да се придржуваат до упатството за употреба на „Чајот против говор на омраза“, бидејќи со правилна употреба краткорочните ефекти на неговото „дејство“ можат да достигнат и до 100%.

    Чајот се препорачува да се користи за време на гледање вести, при зголемена активност на социјалните мрежи, како и за време на слави и прослави. Шолјата се држи со двете раце, се отпива една голтка и истата се задржува во устата најмалку пет минути – без зборување. По истекот на времето, чајот се голта и постапката се повторува.

    На овој начин се постигнува моментален ефект – привремено, но ефикасно оневозможување на било каков облик на говор на омраза.

    Акцијата „Чај против говор на омраза“ преку хумор, перформанс и секојдневни навики отвора простор за тивка, но јасна порака: понекогаш, најсилниот одговор на омразата е да застанеме, да замолчиме и да размислиме.

    Оваа акција е подготвена од Центарот за современи уметности – Скопје во рамките на проектот Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда што го спроведува Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми – Скопје.”

    Previous ArticleАктивистичка група тврди дека презела 86 милиони музички фајлови од „Спотифај“
    Next Article ДЗР: НОМАГАС има гасоводи вредни 143 милиони евра, но не се користат заради нерешени имотни односи

    Поврзани вести

    Снег на патиштата и во градовите, забрана за движење на камиони на Стража, Ѓавато и Пресека, како и на делниците Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан

    21/01/2026

    Мицкоски: Развојот на економијата мора да се темели на инвестиции во енергетиката

    21/01/2026

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    20/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.