Градоначалникот Гоцевски изврши увид на градежни активности на улица „Драмечка“
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, изврши увид на лице место на дел од улица „Драмечка“, крак од истоимената улица, каде што се реализира проект за изградба на дел од улицата и атмосферска канализација.
Проектот опфаќа изградба на улица во должина од 155 метри, со што ќе се подобрат условите за сообраќај, безбедноста на учесниците во сообраќајот и ефикасното одведување на атмосферските води во овој дел од градот. Вкупната вредност на проектот изнесува 2.862.015 денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт на Република Македонија.
Изведувач на работите е компанијата ОСД КИРИЛ од Штип, а реализацијата на проектот ќе продолжи и во текот на 2026 година. Од општината информираат дека ќе продолжи директниот надзор и теренската контрола со цел проектот да биде реализиран квалитетно, навремено и во интерес на граѓаните на Делчево.
