Паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе биде запишан каако државно земјиште со што ќе може да потпише договор со Јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“. За потребите на здравството треба да бидат набавени и 100 нови амбулантни возила.
Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра треба да бидат набавени за македонското здравство, одлучила Владата на вчерашната седница.
„Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини“, напиша министерот за здравство Азир Алиу на својот Фејсбук профил.
