Во духот на новогодишните и божиќните празници, Берово беше исполнето со топлина, радост и заедништво, каде што сите генерации заедно ја споделија празничната атмосфера.
Во овие свечени денови, во празничните активности активно учество зедоа децата од детската градинка, учениците од основните и средното училиште, децата со попреченост, децата од Малиот групен дом во Берово, како и пензионерите. На настанот присуствуваа и директорите на општинските институции – корисници, како и претседателите на месните заедници.

Заедничкото дружење создаде искрени и весели моменти, кои го отсликуваат вистинскиот празничен дух и ја зајакнуваат меѓусебната поврзаност во локалната заедница.

Новогодишниот дух, исполнет со насмевки и позитивна енергија, уште еднаш покажа дека Берово е град на солидарност, човечност и почит меѓу сите генерации, каде што празниците се повод за обединување и споделување радост.

