Берово синоќа беше исполнето со празнична магија, насмевки и позитивна енергија благодарение на настанот „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“, кој се одржа на Плоштадот „Димитар Беровски“.
Настанот внесе вистинска зимска атмосфера во срцето на градот, нудејќи улична уметност, атрактивни перформанси и содржини за сите генерации. Посебно внимание беше посветено на најмладите, кои уживаа во „Грин-Џ Kids Corner“, исполнет со детска радост, креативност и забава.

Градоначалникот на Берово, Петар Ружински, кој присуствуваше на настанот, истакна дека ваквите манифестации имаат големо значење за градот и за локалната заедница.
„Нашиот град блесна со насмевки, позитивна енергија и дружење за целото семејство. Овие моменти на заедништво, радост и празничен дух се доказ дека Берово е град со топло срце и жива културна сцена“, изјави градоначалникот Ружински.
Тој упати благодарност до организаторите, учесниците и сите граѓани кои со своето присуство придонесоа за создавање незаборавна празнична вечер и позитивна атмосфера во градот.
Настанот „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“ уште еднаш ја потврди посветеноста на Берово кон културни, семејни и урбани настани кои го збогатуваат општествениот живот и го зајакнуваат чувството на заедништво
