Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Советот на општина Делчево започнува дигитализација: Седниците ќе се одржуваат електронски, со целосна транспарентност за граѓаните
    Македонија

    Советот на општина Делчево започнува дигитализација: Седниците ќе се одржуваат електронски, со целосна транспарентност за граѓаните

    29/12/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Советот на општина Делчево влегува во нова фаза на модерно и транспарентно функционирање, со започнување на процесот на дигитализација на својата работа. Како што информира претседателот на Советот, д-р Николчо Стојменовски, во наредниот период ќе се спроведува пилот-проект за воведување современ дигитален систем за работа на Советот.

    Преку овој пилот-проект ќе се тестираат и унапредуваат дигиталните алатки, а по неговата успешна реализација, од почетокот на 2026 година, електронскиот начин на работа ќе стане официјална и стандардна пракса. Ова ќе следува по официјалното потпишување договор со фирмата која го обезбедува софтверот и системот за дигитализација.

    Во рамки на новиот систем, наредните седници на Советот ќе се одржуваат електронски, што ќе овозможи поголема ефикасност, но и значително поголема отвореност кон јавноста.

    Меѓу клучните новини што ги носи дигитализацијата се целосната транспарентност во гласањето, при што секој граѓанин ќе може во реално време да види како гласал секој советник по секоја точка од дневниот ред – дали гласал „за“, „против“, бил „воздржан“, „отсутен“, „се изземал“ или „не гласал“.

    Дополнително, седниците ќе бидат отворени за јавноста, овозможувајќи им на сите заинтересирани граѓани да се вклучат и да ги следат во живо, без потреба од физичко присуство. Електронскиот дневен ред ќе биде однапред подготвен и јавно достапен, со што граѓаните навремено ќе можат да се информираат за темите што ќе се разгледуваат.

    Како дел од системот ќе биде воспоставена и јавна електронска архива, преку која граѓаните ќе имаат постојан пристап до материјали од седниците, донесени одлуки, резултати од гласања, како и видео-записи од претходни седници.

    „Овие промени имаат една цел – да го приближиме работењето на Советот до граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да ја зајакнеме довербата меѓу избраните претставници и јавноста“, истакнува Стојменовски.

    Со целосната примена на дигиталниот систем во 2026 година, општина Делчево има амбиција да стане пример за модерно, ефикасно и отворено локално управување, при што активното учество и интересот на граѓаните ќе имаат клучна улога во демократските процеси на локално ниво.

     

    Previous ArticleГрадоначалникот на Општина Пехчево Китански со подароци за членовите на Спортскиот клуб
    Next Article Умот не ми даваше да се помирам со тоа дека син ми е мртов, сведочеше мајка на судењето за „Пулс“

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.