Денеска, вработените во Општина Делчево, заедно со градоначалникот Иван Гоцевски, подготвија пакети со храна, средства за хигиена и пакетчиња за деца, кои се доставени до Црквата и ќе бидат прераспределени до сограѓаните на кои помошта им е најпотребна.
Донациите беа собрани во рамки на акцијата „Куќа на надежта“, поставена пред Спомен домот АСНОМ за време на новогодишната програма.
Од Општина Делчево информираат дека ова се само дел од подготвените пакети, а во наредните денови ќе бидат обезбедени и доставени уште повеќе.
Акцијата е реализирана во пресрет на Бадник и Божиќ, со порака за солидарност, заедништво и грижа за оние на кои помошта им е најпотребна.


