Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Божиќно послание на г.г. Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено
    Македонија

    Божиќно послание на г.г. Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено

    05/01/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    ФОТО:МПЦ-ОА

    Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено. Да не се сообразуваме со овој свет, туку нашиот живот во светот да го сообразиме со Христовите заповеди.

    Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божик, испрати Божикно послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква со порака да постапуваме правилно, совесно и добродушно на местото каде што Господ нè поставил, да не се обесхрабруваме, туку да истраеме, дури и доколку ни се чини дека она што го правиме е мало и безначајно.

    – Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено. Да не се сообразуваме со овој свет, туку нашиот живот во светот да го сообразиме со Христовите заповеди, порачува меѓу другото поглаварот на МПЦ-ОА во Божикното послание.

    Во продлжение е целосниот текст на Божикното послание на поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан: 

    Возљубени празникољупци,

    Еве, повторно стоиме пред тајната на Божик – пред тајната на Божјото доаѓање на земјата. Кога човештвото и сиот свет беа обвиени во гревовна темнина, Бог не остана далечен, туку слезе меѓу нас и, бивајќи Светлина, ја порази и ја истера темнината, и не со сила – туку со љубов.

    Со овој спасоносен настан се исполни времето и се откри Божјата волја: Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот2. Затоа Божик не е само спомен на минатото, туку е откровение на вечната Божја намера: човекот да живее во заедница со Него.

    Оваа радост, најнапред, ја возвестија ангелите, објавувајќи ги славата на небото, мирот на земјата и добрата волја којашто повторно се раѓа меѓу луѓето3. А потоа, преку витлеемските пастири и мудреците од Исток, целиот човечки род Му се поклони на Богомладенецот, дарувајќи Го и принесувајќи Му благодарност.

    Па целиот човечки род во длабочината на своето срце го носи копнежот по Божјото присуство, копнежот за близина со живиот Бог. И токму на овој ден, сето тоа го добиваме како дар: Бог, Творецот на вселената, Оној Кој, според зборовите на свети Климент Охридски, секогаш почива на херувимски плеќи, стана еден од нас. Примајќи човечко тело, Тој го сокри Своето Божество4, за да го приближи до Себе, да го обожи и да го спаси човекот.

    Така, небесното слезе на земјата и вечноста влезе во времето. Господ постана Богочовек, и со тоа го освети човекот, отворајќи ни го патот кон животот којшто не минува, зашто сè што доаѓа од Бога носи спасение и вечност. Затоа топлината на Неговото благодатно присуство е опит којшто ја придружува Црквата во секое време, а особено во деновите на овој светол празник.

    И, еве, подготвени преку молитва, пост и богомислие, пристигнавме до мигот на празничното торжество и сега се радуваме на присуството на Младенецот меѓу нас. А таа близина на Бога нè собира сите заедно, нè прави заедница којашто молитвено го слави доаѓањето на Господ Исус Христос во тело, Неговото доаѓање во нашиот свет, во нашиот дом и во нашиот живот. Кога Тој ги загрева нашите срца, таа топлина се прелева меѓу нас и ни открива дека и во овој несовршен свет животот може да стане предвкус на Царството, таму каде што владеат мирот и добрата волја.

    Возљубени чеда во Господа,

    „Секоја душа е христијанска“5, како што вели еден од ранохристијанските апологети, секој човек трага по Бога и секому му е благопријатно Неговото присуство. И кога ќе дојде до таа средба, човек не може да остане истиот. Нешто го поттикнува да биде доблесен и да твори вистина6. Светлината Божја ја истерува сенката на мракот, та човекот престанува да го сака злото и се стреми само кон доброто7. Ние сме за тоа и повикани: да Го примиме Христа во нашите души, да ги оставиме лошите навики, постанувајќи преобразени луѓе, достојни за името Христово со кое се именуваме.

    Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,

    Овој голем празник којшто го чествуваме, на преминот од старата во новата година, како да е природно така поставен во времето за да нè поттикне, од една страна, да се осврнеме наназад и да созерцаваме за изминатата година, да согледаме што е тоа што сме го направиле добро, доколку го има, а од друга страна, да се устремиме кон иднината и да видиме во што треба да се поправиме и што сакаме да направиме уште подобро. Она што го извлекуваме како поука и што си го задаваме себеси како задача е тоа да ги поправиме нашите пропусти, да ги победиме нашите слабости. Потребно е да сфатиме дека секоја наша постапка носи последици. И мали пропусти можат да доведат до големи несреќи, како што и малите добрини и правилните постапки доведуваат до бројни големи и добри дела. Тоа е така, зашто Господ помага во секое добротворење и кога ги гледа нашите добрина и труд – ги пополнува нашите недостатоци, а доброто дело го доведува до крај.

    Тоа е потребно да го знаеме и тоа нека биде нашата решителна определба во претстојното лето Господово: да постапуваме правилно, совесно и добродушно на местото каде што Господ нè поставил. Да не се обесхрабруваме од тоа што спротивните сили навидум нè надвладуваат, туку да имаме бодрост да истраеме, дури и доколку ни се чини дека она што го правиме е мало и безначајно. Впрочем, самиот Господ Исус Христос во Евангелието нè поучува дека: Верниот во малку и во многу е верен, а неправедниот во малку и во многу е неправеден8.

    Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

    Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено. Да не се сообразуваме со овој свет9, туку нашиот живот во светот да го сообразиме со Христовите заповеди.

    Близината Божја нека нѐ поткрепува и нека ни дава надеж дека Господ е со нас во сите денови од нашиот живот. Господ ги услишува нашите молитви кога ги исполнуваме Неговите заповеди, и Тој не престанува да ни дава можности за да нè воведе во Своето Царство небесно10.

    Со такви мисли и молитвени благопожелби, на сите чеда на Мајката Македонска Православна Црква – во Татковината и насекаде до каде што нѐ има по светот, ви ги честитаме божикните и новогодишните празници, поздравувајќи ве со серадосниот поздрав:

    Христос се роди!

    Честито и од Бога благословено новото лето Господово!

    † СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

    заедно со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

    † ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски † ГЕОРГИЈ, Митрополит Дебарско-кичевски † ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски † МАРКО, Епископ Делчевско-каменички

    Previous ArticleБадникова литија(Бадниковa поворкa) за први пат во општина Пехчево
    Next Article Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.