Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Спој на пагански обичаи и христијанската религија: Најавени деталите за овогодишеншниот Вевчански карневал
    Култура

    Спој на пагански обичаи и христијанската религија: Најавени деталите за овогодишеншниот Вевчански карневал

    09/01/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Постер

    Вевчанскиот карневал 2026 ќе се одржи на големиот празник Свети Васиј Велики или како што вевчанци си го викаат Свети Васиља од 12 до 14 јануари.

    По повод одржувањето на годинешното издание на „Вевчанскиот карневал 2026“, една од највпечатливите и најстарите културни манифестации во Македонија и регионот, денес, петок, 09 јануари 2026 година се одржа ПРЕСС конференцијата во Ресторан „Пелистер“ – Скопје.

    На прес-конференцијата учествуваа градоначалникот на Општина Вевчани, г-дин Спасе Кочоски, официјалниот ПР на „Вевчанскиот карневал“, новинарот и водител Антонио Димитриевски и еден од учесниците од бендот „Пука козметика“, кој е воедно вклучен и во организацијата, Дарко Масларковски.

    На ПРЕСС-от беа презентирани деталната програма за деновите на карневалот (12 – 14 јануари 2026), потоа музичките изведувачи – познати естрадни уметници кои ќе ги забавуваат посетителите во две вечери, а беа изнесени и сите информации , детали и поединости за организацијата, безбедноста и очекуваниот број на гости.

    Вовед во карневалската вевчанска фешта даде ПР-от Димитриевски, кој зборуваше и за долговечноста на постоењето, значењето на оваа културно-забавна манифестација, маските, традицијата, одвивањето на самиот карневал кој е повеќе од настан, туку е спој на пагански обичаи и христијанската религија, низ кои се испреплетуваат современата сатира и уникатен македонски непокор. Затоа и медиумското присуство и известувањето на јавноста се од исклучително значење за промоција на ова заштитено нематеријално културно наследство, за што тој им се заблагодари на присуството на бројните медиуми и колеги новинари.

    Градоначалникот на Вевчани, Кочоски пак, ги поздрави и повика присутните новинари да повелат и дојдат на „Вевчанскиот карневал 2026“, а потоа и тој ја појасни смислата и поентата на самиата манифестација и суштината на василичарските маски, нудејќи како и секогаш топло гостопримство на сите кои ќе бидат тие денови во Вевчани кога самото место се претвора во една голема сцена, а традицијата во слобода на духот и слободно изразување.

    При тоа Кочоски нагласи дека целта на карневалските маски и дејанија на василичарите не е само за да се исмеат негативните појави во општеството, иако секако дека и тоа е едно од нештата кои ги гледаме на секое карневалско издание, туку смислата лежи во тоа на еден довитлив и духовит начин, претворен во сенародна опшата забава да се исчистиме од насобраната негативна енергија што ни се насобрала преку целата измината година, па новата да ја започнеме со чист дух и широко срце и отворен ум.
    Дарко Масларковски пак ја презентираше деталната програма во двечери која ја сочинуваат музичките рап, поп и фолк изведувачи кои годинава ќе ги забавуваат вевчанци и бројните гости однадвор.

    Тој исто така говореше за традицијата и смислата на постоење на „Вевчанскиот карневал“ нагласувајќи дека токму преку маските како што е на пример онаа на Глупи Август, може да се заклучи дека карневалот е многу постар и од она што стои во пронајдените записи. не 1400, туку над 2000 години, кога токму преку оваа маска на пример бил исмеван тогашниот римски император, што укажува за потеклото на потребата уште од дамнина па се до денес, да се исмеваат негативните појави во општеството.
    Потоа градоначалникот Кочоски одговараше на новинарските прашања и даваше поединечни изјави за медиумите.

    Вевчанскиот карневал 2026 ќе се одржи на големиот празник Свети Васиј Велики или како што вевчанци си го викаат  Свети Васиља од 12 до 14 јануари.

    Previous ArticleГласот на Македонија одекна во светот – „Силјан“ ја освои наградата на публиката на CINEMA EYE HONORS
    Next Article „Дејли Меил“ ја смести Хрватска на својата листа на евтини туристички дестинации за 2026 година

    Поврзани вести

    Улогите по кои ќе го паметиме Роберт Дувал

    17/02/2026

    „Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    17/02/2026

    Новата книга „Егосурфер“ од Александар Русјаков ќе биде промовирана на 18 февруари

    16/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.