Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Делчево подготвено за зимските услови, екипите на ЈКП „Брегалница“ на терен

    Видео:Богојавление-водици 2026 Пехчево

    Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на средба со индиски бизнисмен – разговарано за можни инвестиции во Делчево

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»АНАЛИЗА: Инфлација, критики од Брисел, нов гувернер, заеми, економски настани во 2025-та
    Македонија

    АНАЛИЗА: Инфлација, критики од Брисел, нов гувернер, заеми, економски настани во 2025-та

    04/01/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Годината која започна со амбициозен план за економски раст, инфлација под 3%, намален буџетски дефицит, зголемени јавни инвестиции, завршува со пораст на трошоци на живот за 4%, раст на БДП од 3,5%, ребалансиран Буџет со намалено ниво на капитални расходи, пишува Порталб. Во 2025 та НБМ доби нов гувернер, на ниво на државата се прогласи кризна состојба во енергетиката.

    Заеми за фирми, општини, инфраструктура, борба со инфлација, афера со европските пари од ИПАРД 3

    Унгарскиот кредит вреден 1 милијарда евра – по првиот пакет од 500 милиони евра од  унгарската Експорт-импорт банка, следуваа нови, уште 500 милиони евра, повторно од Будимпешта – наменети за отплата на доспеани долгови по основ на Еврообврзница. Со ова Унгарија ја бетонираше позицијата на нов стратешки партнер на Македонија.  Во годината што веќе измина, земјава доби уште еден стратешки партнер, Велика Британија гарантор на нов заем од 6 милијарди евра – сума која ќе се троши за инфраструктурни проекти и инвестиции во здравството.

    Изминатата 2025 та година најголем предизвик и ризик беше инфлацијатакоја во неколку наврати, на годишно ниво, надмина 4%. Во одредени месеци државата воведе административни мерки за замрзнување и регулирање на маржите но направи и тестирање преку празнични, септемвриски есенски потрошувачки кошници.  Додека цените растеа, синдикатите до последен ден од 2025 та притискаа за вонредно зголемување на платите.

    „2025 беше година на стабилизација. Инфлацијата се смири, но не се врати на посакуваните нивоа. Растот беше умерен, но не и трансформациски. Монетарната политика остана стабилен сидро во економијата, а фискалната страна повторно се соочи со ограничувања. Во голем дел, годинава ја одбележа обидот да се врати нормалноста по турбулентниот период, но без поголеми структурни придвижувања кои би ја подигнале економијата на повисока брзина“ – вели економистот, професор Синиша Наумовски.

    Минатата година беше целосно прва економска година на Владата која стартуваше со амбициозни планови за јавни инвестиции тешки над 700 милиони евра, буџетски дефицит од 3%, инфлација од 2,8% и економски раст од околу  3,7%. Владата постизборно посегна поребаланс на буџетот – капиталните расходи се намалија, процените за инфлацијата се зголемија до 3,9% а за економскиот раст паднаа  на 3, 5 %. Додека од Владата уверуваа дека економијата е стабилна, јавните пари се трошат дисциплинирано и транспарентно, Брисел во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија адресираше сериозни забелешки за фискалната политика –  потреба од  фискална консолидација, механизам за подобра наплата на буџетските приходи, нотирање на линеарниот пораст на пензиите за 2 500 денари, стабилизирачки, но сеуште висок Јавен долг.

    Економијата се соочуваше и со домашни и со надворешни ризици, велат аналитичарите.

    „Ако зборуваме глобално, тогаш дефинитивно царинските војни што САД ги покренаа со повеќе земји во светот. Сепак, се чини дека работите постепено се смируваат, со што и неизвесноста, барем од овој аспект, се намалува. Намалувањето на каматните стапки на ЕЦБ и Федералните резерви на САД, што укажуваат дека и 2026 ќе биде релативно поволна за вложувања, заради пониската цена на парите. Иако, тука мора да напоменам дека постојано и постојано се враќа темата на инфлацијата, но и воениот конфликт во Украина, што во последно време прераснува во вистинска студена војна помеѓу ЕУ и Русија. Сите овие работи се пренесуваат и во 2026, така што и внимателниот оптимизам е нешто што би очекувал од инвеститорите“ – вели економистот, Јован Деспотовски, поранешен висок функционер.

    Освен со инфлацијата како доминантна тема и ризик, во 2025 година се соочивме и со прогласување на енергетска кризна состојба поради недостиг на мазут и беше донесена одлука за поскапување на струјата.

    Во мај 2025 та Народната банка доби нов гувернер – Трајко Славески дојде на местото на Анита Ангеловска Бежовска. НБМ  во 2025 та водеше  затегната монетарна политика поради одржување на стабилноста на домашната валута.  Еден од поважните настани – афери беше запирање на исплатата на средства од ИПАРД 3 Програмата поради откривање на корупциски скандал во врвот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

    Во годината што измина, според Владата се испорача економски раст што ја вбројува земјава во трите водечки европски економии додека според опозицискиот блок 2025 та е економски колабирана година во која дополнително се влоши стандардот на граѓаните.

    Previous ArticleГрчките земјоделци продолжуваат со блокади на граничните премини, денеска ќе одлучат дали протестите ќе се радикализираат
    Next Article Идентификувани уште 16 од загинатите во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и тинејџери од 14 години

    Поврзани вести

    Делчево подготвено за зимските услови, екипите на ЈКП „Брегалница“ на терен

    22/01/2026

    Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на средба со индиски бизнисмен – разговарано за можни инвестиции во Делчево

    22/01/2026

    Зегин со силна поддршка на Водици: Хуманоста и традицијата повторно во фокусот

    22/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Делчево подготвено за зимските услови, екипите на ЈКП „Брегалница“ на терен

    Видео:Богојавление-водици 2026 Пехчево

    Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на средба со индиски бизнисмен – разговарано за можни инвестиции во Делчево

    Зегин со силна поддршка на Водици: Хуманоста и традицијата повторно во фокусот

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.