Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Министерот за економија некогаш протестираше против уништувањето на Попова Шапка, сега не дава детали за најавените инвестиции
    Македонија

    Министерот за економија некогаш протестираше против уништувањето на Попова Шапка, сега не дава детали за најавените инвестиции

    11/01/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Туристичкиот центар „Попова Шапка“ поминува низ уште една мрачна сезона, а причината е тоа што сè уште нема ништо конкретно од ветувањата и најавите на властите за странски инвестиции. Не е потпишан никаков договор со Италијанците.

    Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кога беше во опозиција, пред шест години протестираше против уништувањето на Попова Шапка. Меѓутоа, откако стана министер, во мај 2025 година тој објави дека со претставници од Саудиска Арабија разговарал за инвестиции во Попова Шапка.

    Меѓутоа, во оваа насока засега нема ништо конкретно, ниту договор, ниту инвестиции на терен.

    Запрашани за ова, од Министерството за економија и труд за Порталб.мк изјавија дека се водат разговори со сериозни и реномирани странски инвеститори за развој на овој туристички капацитет, со цел Попова Шапка да се претвори во еден од најголемите и најсовремените туристички центри во регионот, па дури и пошироко во Европа.

    „Процесот е во тек и се одвива во неколку фази, при што актуелно се утврдуваат главните детали за можните договори. Станува збор за сложени и капитални инвестиции од голем обем, кои бараат време и внимателна подготовка, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој“, соопштија од Министерството за економија.

    Од таму додадоа дека во рамките на разговорите се разгледува поширок концепт за развој на Попова Шапка, вклучувајќи и значително проширување на скијачките капацитети, подобрување на инфраструктурата и создавање на услови туристичкиот центар да функционира во текот на целата година.

    Во оваа насока, од Министерството нагласија дека се разгледува и можноста за изградба на нова жичарница што ќе го поврзува Тетово со Попова Шапка, што би придонело за зголемување на пристапноста и привлечноста на локалитетот.

    „Во оваа фаза Министерството не може да даде дополнителни детали за конкретниот инвеститор, сè додека не се финализираат разговорите и не се постигне конечен договор. Јавноста ќе биде информирана навремено штом процесот ќе влезе во својата

    завршна фаза и кога ќе има конкретни и официјални одлуки“, соопштија од Министерството за економија и труд.

    Ветувања и изјави за странски инвестиции неодамна дадоа и премиерот и градоначалникот на Тетово.

    Пред неколку дена премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Попова Шапка рече дека се блиску до договор со странски инвеститори за Попова Шапка, без да спомне за кого станува збор.

    „Наша цел е на краток рок да привлечеме инвеститор кој ќе инвестира, се разбира, заедно со државата. И ќе го направи она што е сон и цел за сите нас, Попова Шапка да стане најубавиот зимски центар во овој дел од Европа“, изјави Мицкоски. Од Владата не одговорија на прашањето на Порталб.мк за тоа кои се овие инвеститори, кога ќе има нешто конкретно и што се случува со преговорите со италијанската компанија која ја презентираше понудата за инвестиција во овој туристички центар.

    Од друга страна градоначалникот на Тетово, Билал Касами, на 15 декември 2025 година изјави дека се во преговори со сериозни инвеститори од Истокот.

    „Во разговори сме со сериозни инвеститори, верувам дека наскоро, дури и пред крајот на годината, ќе имаме посета од инвеститор кој е заинтересиран да инвестира во Попова Шапка, со што ќе ја претвориме Попова Шапка, овој зимски туристички центар, во модерен центар“, рече Касами.

    На прашањето конкретно кои се овие инвеститори, од Општина Тетово не дадоа одговор.

    „Прашањето за инвеститорите за Попова Шапка е во завршна фаза на дискусии и преговори. Инвеститорот е сериозен и посветен, и се

    работи на склучување на конечниот договор во согласност со јавниот интерес. Откако ќе се финализира договорот Општина Тетово ќе ја информира јавноста за сите детали од проектот и инвестицијата“, велат од Општина Тетово. Според извори на Порталб.мк станува збор за инвеститори од Катар кои ја посетиле Попова Шапка. И самиот Касами во минатото ги спомна Катар и Обединетите Арапски Емирати како потенцијални инвеститори.

    Пред локалните избори пратеникот на ВЛЕН, Аднан Азизи, исто така најави дека наскоро се очекува инвестиција од 500 милиони евра за овој туристички центар, но без да даде било какви детали.

    Од друга страна, со години нема ништо конкретно од италијанската инвестиција презентирана во 2022 година од италијанската компанија „ТехноАлпин“. Според планот, инвестицијата е планирана да се реализира во седум фази и е во вредност од околу 180 милиони евра. Но, преговорите не постигнаа никаков епилог и не се потпиша договор. „За жал, нема ништо ново“, изјавија од ТехноАлпин за Порталб.мк. Попова Шапка, е една од најдобрите зимски дестинации на Балканот и пошироко, со години е запоставена, и во неа не се направени никакви инвестиции.

    Меѓу најголемите проблеми се урбанистичкиот хаос, недостатокот на паркинг места, лошото управување со отпадот, дивоградбите и многу други.

    Извор: Порталб.мк

    Previous ArticleВо 4 општини се одржуваат повторени избори за градоначалник
    Next Article Во Иран продолжуваат протестите и покрај репресијата од властите

    Поврзани вести

    Снег на патиштата и во градовите, забрана за движење на камиони на Стража, Ѓавато и Пресека, како и на делниците Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан

    21/01/2026

    Мицкоски: Развојот на економијата мора да се темели на инвестиции во енергетиката

    21/01/2026

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    20/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.