Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Џез фестивал „Филип Стевановски“ Куманово 2026

    Саудиска Арабија ја поништи смртната казна за коментарите на Фејсбук од работникот од Шри Ланка

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Градоначалникот Гоцевски го посети семејството на првороденото дете во Делчево за 2026
    Македонија

    Градоначалникот Гоцевски го посети семејството на првороденото дете во Делчево за 2026

    13/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: општина Делчево

    Првороденото новороденче во 2026 г. во Општина Делчево е малата Ајлина која е родена на 7 јануари во штипската болница и е второ дете во семејството Беќирови од с. Тработивиште. Градоначалникот Гоцевски денеска го посети семејството на Ајлина и честитајќи им ја радоста, тој им го подари традиционалниот подарок за првородено во годината, еднократен паричен износ од 10.000 ден. Детското седиште за во автомобил е донација од РСБСП.

    –Првото новородено во годината е симбол на надежта, вербата и предвесник на новата генерација дечиња кои ќе се родат во годината која штотуку ја започнавме. Затоа ми претставува посебна чест и задоволство што денеска го посетив домот на малата Ајлина, родена на 7 јануари во болницата во Штип. На малата ѝ испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството, но и на општината. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и им посакувам многу љубов и многу дечиња да им го развеселуваат домот, порача Гоцевски.

    Тој додаде дека Делчево се радува на секое новородено, бидејќи тоа е најголем дар за заедницата.

    -Како одговорна општина продолжуваме да создаваме услови за секое дете да расте безгрижно и да има еднакви можности за развој. Општината ќе продолжи да создава мерки за поддршка на младите родители. На првороденото во годината исплаќаме еднократна парична помош во износ од 10.000 денари, додека за секое новороденче, еднократната финансиска поддршка од оваа 2026 г.е зголемена и ќе изнесува 4.000 денари, истакна Гоцевски

    Минатата година во Делчево се родени 57 новороденчиња. Од нив 32 се женски, а 25 се машки. Општината за еднократен надомест за новороденчиња изводила околу 190.000 денари.

    Извор: општина Делчево
    Previous ArticleВо Пехчево започнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици 2026 година
    Next Article Николоски: Присуството на лидерската средба е доброволен чин, парламентарни избори во 2028

    Поврзани вести

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    13/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026

    Глоба од 45 евра ако немате зимска опрема: Што треба да подготват возачите?

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Џез фестивал „Филип Стевановски“ Куманово 2026

    Саудиска Арабија ја поништи смртната казна за коментарите на Фејсбук од работникот од Шри Ланка

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.