Општина Берово ги известува граѓаните, дека согласно Законот за урбано зеленило, сопствениците и корисниците на приватни имоти, имаат обврска, редовно да го одржуваат зеленилото, во рамки на своите дворови.
Посебно се укажува на обврската, дрвјата и другото зеленило, чии гранки навлегуваат на јавни површини (улици, тротоари, пешачки патеки и слично), да бидат навремено и соодветно искастрени, со цел обезбедување безбедно и непречено движење на пешаците и возилата.
Рокот за усогласување со ова известување, изнесува 90 дена, од денот на неговото објавување.
Ги повикуваме граѓаните, навремено да ја исполнат оваа законска обврска и со тоа да придонесат кон уреден, безбеден и пријатен изглед на нашата општина.
