СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА!
Почитувани граѓани,
Последните неколку денови до Општина Пехчево стигнуваат писмени барања, а има реакции и на социјалните мрежи за ситуацијата со уличните кучиња. Како општина должни сме да дадеме образложение за нашите надлежности согласно законите и зокнските прописи.
Согласно член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните ( „Сл. Весник на РМ“ бр. 149/14, 149/15 и 53/16 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 65/23), Општина Пехчево има изготвено План за третман на бездомни кучиња, односно регистрирани и нерегистрирани кучиња. Општина Пехчево има распишано јавна набака бр. 03-68/2 од 27.03.2025 година за заловување, прифаќање и третирање на кучиња скитници, во присуство на службено лице вработено во Општина Пехчево, со комплетна евиденција и извештај за секое заловено куче. Согласно спроведената јавна набавка изберен е оператор (ДООЕЛ Ветеринарна станица Виница) и потпишан е Договор за заловување, прифаќање и третирање на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња во Општина Пехчево бр. 03-68/2 од 27.03.2025 со важност до 27.03.2026 година.
Општина Пехчево согласно предвидениот буџет и потпишаниот договор за заловување, прифаќање и третирање на кучиња скитници има извршено заловување на кучиња скитници на територијата на Општина Пехчево. Согласно член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните ( „Сл. Весник на РМ“ бр. 149/14, 149/15 и 53/16 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 65/23), по заловување, кучињата во прифатилиштето се кастрираат односно ојаловуваат, здравствено се третираат, на нив се врши превентивна здравствена заштита и тест за социјализација согласно прописите од областа на ветеринарното здравство, по што истите треба да се вдомат или вратат во реонот од каде што биле заловени. Бидејќи кучињата кои се заловени на територијата на Општина Пехчево не се вдомени истите повтроно се вратени на територијата на Општина Пехчево.
Почитувани граѓани, проблемот со уличните кучиња настанува од несовесните граѓани кои чуваат домашни миленичиња. Ве замолуваме сите кои чувате домашни миленичиња, грижете се културно и совесно за нив.
Општината ги има известено надлежните релевантни институции за постапување на неодговорно сопствеништво и неодговорните сопственици согласно законските прописи ќе бидат санкционирани.
