Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска Давкова: Нема уставна основа за техничката влада
    Политика

    Сиљановска Давкова: Нема уставна основа за техничката влада

    16/01/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Сител се осврна на темите од лидерската средба и оцени дека техничката влада што функционира пред изборите во државава за која се разговараше на лидерската средба е препартиска и нема уставен основ.  Смета дека не е добро сега да има предвремени парламентарни избори бидејќи, посочува, имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и оти е добро да се завршат некои од нив.

    „Како професорка како и многу други мои колеги би рекла дека лидерските средби ги јакнат лидерите, но ги слабеат институциите, но во поделено општество како што е нашето и  во рамки на консоцијативната демократија што ја вградивме не само во праксата туку и во Уставот добро е понекогаш да се сретнат. Многу подобро одошто да разговараат со посредници, амбиентот е поинаков, луѓето се однесуваат поинаку. И тогаш кога се надвор од очите на јавноста успеваат да бидат поприродни. Резулатот го видовме,  сите беа релаксирани уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар. Мислам дека недостигаше и требаше таму да биде лидерот на опозицијата Венко Филипче“, рече Сиљановска Давкова.

    Неучеството на Филипче претседателката го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“.

    „Подобро е да седнете некого, да чуете, подобро е да ги чуете и другите па да дадете изјава“, наведе претседателката.

    Прашана за став дали е за укинување на техничката Влада рече дека „имаме препартиска изборна влада во која седат најоданите партиски луѓе, која и покрај тоа што функционира нема уставен основ“.

    „Да, постојат технички влади, тие се формираат или во амбиент на кризи, пред избори, редовно се или експертски, составени од професори, на чело на Владата е експерт или бирократи.  Нашата влада се вика техничка, но нема ништо техничко во неа. Техничкото секогаш се врзува за стручност и комптенетност а никогаш не за партиска припадност.  Ние имаме препартиска изборна влада, морам да кажам дека и покрај тоа што функционира нема уставен основ. Во Уставот во делот за влада нема да најдете никаде дека има преодна или техничка  влада. Кога реков препартиска мислев на структурата, обично внатре седат најоданите партиски луѓе и она што ја прави интересна за проучување и за критика, зборувам во рамките на уставното право и политичкиот систем се некои чудни функции од типот на дополнителни заменици министри, дополнителни министри со некои чудни овластувања да имаат право на вето“, рече претседателката.

    Според неа, во техничката влада, „чудна надлежност има и Државната изборна комисија кога се работа за спорови врзани со финансиите“, а посочи и дека таа влада временски е ограничена, но оти и покрај тоа се применуваше неколку пати и не дојде на ред на Уставниот суд.

    „Мене ми е позната реториката на сите партии, сите па и СДСМ и неговите лидери ги помнам како велеа  дека треба да се укине техничката влада“,  дополни претседателката Сиљановска Давкова.

    Таа порача дека е време да се креираат решенија во однос на измените на Изборниот законик  за што се разговараше на лидерската средба.

    Битна измена во случајов, вели дека, би била околу начинот на трансформирање на добиените гласови во мандати и како ќе ја третирам државата – како една изборна единица или како поделена.

    Како што посочи, вредноста на една изборна единица е еднаквоста на гласот, а општите интереси ќе дојдат до израз.

    „Опасноста е да не стане центарот, бастионот, тврдината која за се одлучува затоа што сме за една изборна едница. Но, ако има согласност, таа согласност беше дадена уште во 2016 година и потоа беше заборавена. Време е да седнат, уште една причина да седнат заедно и да креираат решенија, не на крајот на мандатот, туку на почетокот на мандатот. Не е само изборната единица, туку се и бројот на потписите што треба да се соберат за да може да има независни листи, тука е финасирањето, рекламирањето, препораките и на ОБСЕ и Венецијанска комисија и мисла дека тоа може да биде добра подготовка з анекои избори“, рече Сиљановска Давкова.

    Таа уште кажа дека европските интеграции се високо на агендата.

    „Европските интеграции нас ни се високо на агендата. Ништо лошо ние немаме со соседите. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски“, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

    Не мора, посочи таа, да значи дека некој европски се интегрира само ако почне преговори, потоа излезе некој нов проблем, па пак треба нешто да се направи, па за да направите еден чекор напред, некогаш два чекори назад, најчесто лет во место, ама чувството ви е дека сте опкружени со Европа.

    „Да, ние под итно, така како што треба реформски треба да влеземе во процесите на Копенхаген. Поинаков ќе биде односот. Ние имаме секогаш добра волја. Гледате дури и после оние чудни интерпретации на настанот со прозорецот човек доби впечаток дека се рабори за филм на Спилберг, така беше тоа опишано и веднаш излегоа и текстови кои не смеат таков говор да употребуваат каде се генерализира нацијата и односот, но ете излезе и наш граѓанин со бугарско самочувство и мислам дека тоа беше многу фер и многу одговорно и објасни дека не се работи за тоа за што некој мисли дека се случило“, рече Сиљановска Давкова.

    Таа рече дека како што градиме патишта, пруги, посакува да градиме и пријателство, меѓутоа мора еднаш да видиме до каде води уставната измена.

    „Најпрво да потсетам ниту една уставна измена што била имплицирана од надвор не довела до обединување напротив ја продлабочила разединетоста внатре. Затоа не се оди надвор пред да се седне внатре особено кога се има шанса тоа да се направи во Собранието. Се разбира дека сум оптимист. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски. Меѓутоа последната реченица, ова што се случува во светот денеска не потсетува на реформи насочени кон прогрес, туку навистина бара разумно посветено, добронамерно решавање кое за жал е оневозможено или неможно заради слабоста и маргинализацијата на Обединетите нации. Еве пак јас звучам како некој од мала држава. Секогаш ние се повикуваме на право, на принципи, на институции бидејќи тогаш како дел од мултилатеризмот сме најзаштитени“, рече претседателката.

    Previous ArticleМицкоски најави стартување на „Безбеден град“ од 1 февруари
    Next Article Средба Стоилковиќ-Алиу: Oтворениот дијалог e основа за изнаоѓање практични решенија

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.