Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Градончалникот Иван Гоцевски на празникот “Св. Богојавление – Водици” ја започнува кампањата “Најдоброто од Делчево”
    Македонија

    Градончалникот Иван Гоцевски на празникот “Св. Богојавление – Водици” ја започнува кампањата “Најдоброто од Делчево”

    17/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По повод големиот христијански празник Св. Богојавление- Водици Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со тим од општинската администрација го започнува спроведувањето на кампањата “Најдоброто од Делчево”.

    Станува збор за широка програмска активност која што ќе се спроведеува во наредните години, а која за крајна цел ја има промоцијата и афирмацијата на општина Делчево во регионални, национални и меѓународни рамки.

    Оваа кампања иницијално започнува симболично по повод христијанскиот празник Св. Богојавление кој што има огромно значење за развојот на целокупната човекова цивилизација а пред се духовни вредности кои што афирмираат хуманистички вредности на највисокко општествено ниво.

    За почеток на кампањата Градоначалникот Иван Гоцевски веќе покани повеќемина врвни интелектуалци кои потекнуваат од Делчево а кои што активно работат на различен професионален план во Македонија и во меѓународни рамки, за да бидат дел од Иницијативата за воспоставување за почеток на неформален Совет на интелектуалци, промотори и лобисти на Делчево во рамки на нивниот професионален делокруг на работа.

    Оваа иницијатива се реализира за првпат во Делчево под директна инспирација и патронажа на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски кој што ќе биде домаќин на едни од најзначајните активни интелектуалци и успешни професионалци кои израснале од овој расадник на цивилизациски вредности на двата брега околу реката Брегалница во срцето на Пијанец.

    Ваквата иницијатива која ќе доживее своја материјализација во понеделник токму на празникот Богојавление- Водици во Делчево ќе биде почеток на една долгогодишна приказна која во локални, регионални, национални и меѓународни рамки ќе го изнесе “Најдоброто од Делчево” пред лицето на целокупната домашна и светска јавност, во насока на етаблирање на локалните вредности на едно препознатливо ниво во функција на зацрврстување на пијанечкиот локален идентитет и воспоставување на одржлив локален економски развој на Делчево и сите граѓани на Делчево.

    Од кабинетот на градоначалникот Гоцевски најавуваат дека оваа иницијатива ќе се проширува во иднина со уште повеќе луѓе чии што лични успеси може да бидат поттик за успех на нивниот роден крај во рамки на сите општествени полиња на работа и развој.

    Previous ArticleСТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА
    Next Article За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.