Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Петар Карбински од Пехчево беше најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа
    Македонија

    Петар Карбински од Пехчево беше најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа

    19/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Фото: Пехчево Денес
    Петар Карбински е најсреќниот за Водици во Пехчево
    Петар Карбински од Пехчево беше најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа.
    Традиционално осветување на водата на пехчевска Писа се одржа во присуство на голем број верници од Пехчево, но сепак, најсреќен е Петар кој го извади светиот крст од водите на ладната река Писа.
    Фото: Пехчево Денес
    На традиционалното осветување на водата на реката Писа во Пехчево и оваа година учествуваа 20-тина млади пехчевци кои скокнаа во водата обидувајќи се да го фатат светиот крст во водите на реката Писа.
    Петар доби и прикладни награди што ги доделуват општина Пехчево и компанијата Зегин, а градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански, лично му го честиташе успехот, но и празникот на сите граѓани на Пехчево, од свое лично име и од името на општинската администрација, посакувајќи им љубов, почитување и успешна година на сите полиња.
    Фото: Пехчево Денес
    На големата церемонија претходеше и водосвет во црквата ,, Св. Петар и Павле ’’ каде голем број верници беа присутни на Свечената Богојавленска литургија. Отец Горан и отец Љупчо му посака успех, среќа и благодет на најсреќниот на овогодинешните Водици, Петар, како и на сите граѓани на Пехчево. Во нивната порака се повика на љубов, меѓусебна толеранција и почитување, во име на Светиот дух на Господ Бог кој според православното христијанство на овој светол ден му се јави на човештвото, за прочистување на неговото тело и дух, во водите на Јордан.
    За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, општина Пехчево годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни.
    Инаку, Богојавление – Водици е христијански празник кој се слави уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа

     

    Фото: Пехчево Денес
    Фото: Пехчево Денес
    Previous ArticleХаос во најава – „Лавовите“ стануваат на нозе за Македонија Ѓ.П
    Next Article Богојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.