Денес, на празникот Водици, се одржа првиот состанок на таканаречениот Совет на интелектуалци, на кој присуствуваа делчевци од различни професионални сфери, а присутни беа и локалните власти. Градоначалникот Иван Гоцевски кој ја имаше улогата на домаќин на средбата нагласи дека целта на настанот е да се покаже човечкиот и професионалниот капацитет на Делчево и желбата за развој на општината.
-Разговаравме речиси два часа за тоа колку Делчево е убаво место за живеење и колку може да биде уште поубаво. Денеска сакаме да покажеме дека имаме волја и знаење да го развиеме Делчево. Овде беа присутни професори, лекари, стопанственици, новинари и поранешни градоначалници. Уште повеќе делчевци ќе ги откриеме и ќе ги вклучиме во развојот на нашата општина. Ги прифаќаме сите со отворени раце и со искрена желба заедно да го направиме Делчево посакувано место за живеење“, изјави Гоцевски.
Своја изјаваза медиумите даде и професорот Александар Атанасов кој додаде дека е важно донесените одлуки и препораки од советите и комисиите да се спроведуваат на дело и да се обезбедат конкретни финансиски средства.
-Ако треба, општината точно испраќа финансии за клучни проекти, како што се подобрување на образованието и инфраструктурата. Не треба да оставиме ниту еден проблем за општината секоја година, бидејќи секоја иницијатива е значајна за развојот на Делчево“, истакна Атанасов.
Видео: Delcevo 365.mk


