Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Врвните Теди Папаврами и Маки Окада настапуваат со Македонска филхармонија
    Култура

    Врвните Теди Папаврами и Маки Окада настапуваат со Македонска филхармонија

    20/01/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“ на кој како солисти ќе настапат врвниот виолинист Теди Папаврами (Албанија, Велика Британија) и пијанистката Маки Окада (Јапонија, Швајцарија). Диригент е Олси Кинами, а на програмата се увертира од операта „Крадливата страчка“ од Џоакино Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 во Де-дур, оп. 6 од Николо Паганини и Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во е-мол, оп. 11 од Фредерик Шопен.

    Кога Теди Папаврами пристигнал во Франција на млада возраст, се соочил со земја и култура што му биле целосно непознати. Поттикнат од природна љубопитност споена со силна желба да го совлада францускиот јазик – но и да ја надмине почетната осаменост – тој се нурнал во читање дела од Пруст, Флобер, Достоевски, Чехов, Кафка…, сè на француски. Она што го прави Теди Папаврами уникатен и редок музичар, е неговата љубопитност за сè што лежи зад границите. Во комбинација со неговите високи уметнички и интелектуални стандарди, тоа му овозможило да го премости огромниот јаз помеѓу неговото потекло и новите хоризонти. Затоа, кога преведувачот Јусуф Вриони починал во 2000 година, не било изненадување што Теди Папаврами ја презел задачата да ги преведе на француски делата на албанскиот автор Исмаил Кадаре, кого го познавал уште како дете. Така, тој водел професионален живот надвор од музиката и од виолината. Во 2013 година, во истиот дух, ја објавил својата книга за сопствената младост „Fugue pour violon seul“ на француски.

    Универзално пофалена од критиката, книгата ја раскажува неговата траекторија како чудо од дете од Албанија и неговото преминување кон Западот и слободата. Во 2003 година, пак, кога актерката Жан Моро го запознала Теди во една телевизиска емисија, таа воопшто не се двоумела да го ангажира да ја игра улогата на Дансени виолинистот, заедно со Катрин Денев, Руперт Еверет и Настасја Кински, во ТВ-минисеријата на Жозе Дајан според „Опасни врски“. Таквиот широк спектар активности и интереси веројатно не би бил можен без исклучителната музичка развиеност комбинирана со долги часови работа од најрана возраст. Виолината отсекогаш била дел од животот на Теди. Тој се запознал со неа на петгодишна возраст благодарение на својот татко, блескав педагог со долгогодишно искуство. Теди напредувал многу брзо, и по само три години настапил со Тиранската филхармонија изведувајќи ги „Airs Bohémiens“ од Сарасате. На само единаесет години го извел Концертот бр. 1 од Паганини со познатата комплексна каденца на Емил Соре. Албанија со децении била изолирана од остатокот на светот, но кога францускиот флејтист Ален Марион одржал концерт во Тирана, го слушнал младиот виртуоз и веднаш му овозможил стипендија од француската влада да дојде и да се школува во Париз. Така, неговата кариера значително се изменила.

    Во меѓувреме, тој и неговите родители избегале од Албанија која тогаш била под комунистичка власт и се населиле трајно во Франција; но дома, режимот сурово ги казнил членовите од семејството што останале, санкции кои траеле сè до падот на владата во 1991 година. Пред тој пад, Теди и неговите родители морале да го напуштат Париз за да ги избегнат службениците од албанската амбасада кои ги следеле, па пријателите им помогнале да се преселат близу Бордо. Папаврами освоил неколку значајни меѓународни награди во 1990-тите и започнал блескава солистичка кариера. Настапувал како солист со диригенти како Курт Сандерлинг, Армин Жордан, Емануел Кривин, Франсоа-Гзавие Рот, Тиери Фишер…, на рецитали со музички партнери како Нелсон Горнер, Марта Аргерич, Марија Жоао Пирес, Викторија Мулова, Гери Хофман, Лоренс Пауер…, а зад себе има навистина богата дискографија и за тоа, значајни награди. Се занимава и со транскрипција и неговите транскрипции за соло виолина на 12 сонати од Скарлати и на Фантазијата и фугата BWV 542од Бах (оригинално напишана за оргули) се издадени од издавачката куќа „Ries & Erler“ во Берлин.

    Често ги изведувал целосните сонати и партити за соло виолина од Ј. С. Бах – репертоар кој му е особено драг. Денес, Теди Папаврами живее во Женева, Швајцарија, каде што работи како професор по виолина на „Haute École de Musique“. Свири на виолина изработена специјално за него од градителот Кристијан Бајон.

    По завршувањето на студиите на Music School Toho Gakuen во Токио, Маки Окада ги продолжила студиите во Франција. Во 2008 година ја добила дипломата DEMS на парискиот CNR, во класата на Жан-Мари Коте. Понатаму продолжила да студира под водство на пијанистката Елена Розанова. По враќањето во Јапонија, Маки Окада продолжила да дејствува како концертна пијанистка, одржувајќи бројни рецитали, но и како солистка со оркестри и во камерни состави. Во 2011 година, Симфонискиот оркестар на Киев ја придружувал во изведбата на Концертот за пијано бр. 3 од Рахмањинов. Во 2013 година, ги извела сите прелудиуми од Дебиси во Токио. Во 2017 година, главен фокус ѝ бил соло пијано програма посветена на Бах и Рахмањинов во Кјото и во Токио. Врските што ги создала за тоа време со Франција и Европа, значително го одбележале нејзиниот музички развој. Денес, таа се фокусира на репертоар за виолина и пијано, во соработка со виолинистот Теди Папаврами. Заедно, во 2018 година ја освоиле наградата „Barocksaal“ во Кјото, доделена за најдобар концерт на сезоната.

    Previous ArticleСекогаш го држат семејството заедно: Овие знаци се гласот на разумот и срцето на домот
    Next Article Романците цели 30 години се без победа на ЕП: Македонија има добар тим, ќе биде фајтерски меч!

    Поврзани вести

    Улогите по кои ќе го паметиме Роберт Дувал

    17/02/2026

    „Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    17/02/2026

    Новата книга „Егосурфер“ од Александар Русјаков ќе биде промовирана на 18 февруари

    16/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.