Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов
    Политика

    Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов

    20/01/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во кординирана акција, рече Тошковски во тема на денот во вестите на ТВ Сител, можат да се дадат резултати какви што очекуваат македонските граѓани.

    Тој истакна дека во овој момент не може да соопштува повеќе детали од тие што се соопштени во јавноста.

    „И Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство споделија информации во јавноста коишто сметаа дека треба да бидат споделени. Сепак станува збор за истражна постапка која како таква, согласно одлука на ЈО понатака ќе продолжи во наредна фаза. Но, факт е дека 350 илјади евра во дом на носител на фунција судија е навистина значителна сума на финансиски средства, која е ретко кој бизнисмен или граѓанин може да си ја дозволи, а камоли носител на јавна фунција“, рече министерот за внатрешни работи.

    На прашањето дали со оглед на тоа што кривичната пријава е за „противправно стекнување и прикривање на имот и перење пари и други приноси од казниво дело“ тоа значи дека до овој момент не може да се знае дали овие пари се од поткуп поврзани со конкретни случаи на кои работел овој судија, Тошковски истакна дека тоа треба да го покаже натамошната постапка и оти не може да соопшти никакви детали.

    Тој истакна дека е задоволен што перцепцијата на граѓаните во однос на работата на МВР поврзана со борба против корупција е порасната за двоцифрена бројка, и тоа, како што рече, се должи исклучиво само на работата на МВР во изминатите година и пол – две.

    Министерот соопшти дека согласно статистиката за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за 2023, 2024 и 2025 година, во 23-та имало 126 кривични дела, во 2024-та година 206 кривични дела од оваа област, а во 2025-та година 290 откриени кривични дела, што, истакна, е пораст за околу 130 отсто. Бројки кои, како што вели, апсолутно се во насока на она што е перцепција на граѓаните, а тоа е дека МВР и тоа како се бори против оние кои се поврзани со коруптивни кривични дела.

    „Број на сторители 185, во 2023 година, 363 во 2024-та и 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела се откриени во 2025 година. Ова се кривични дела кои се вршени од 2021 навака, но се откриени во 2025 година и за нив е поднесена кривична пријава“, вели министерот за внатрешни работи.

    Тошковски потенцира дека бројките во делот на штетата на буџетот на државата се најфрапантни и притоа информира дека во 2023 година вупната сума за која биле поднесени кривични пријави била 5,7 милиони евра, во 2024-та година за 24 милиони евра, а во 2025 година за 380 милиони евра. Ова, нагласува тој, е за околу 66 пати повеќе компарирано со 2023 година.

    Од овие бројки и статистики, според него, може да се види работата не само на МВР, туку и на сите институции кои се поврзани со откривање ваков тип криминал, како што е и АНБ.

     

    Previous ArticleМицкоски од Давос: Нашиот економски потенцијал треба да го насочиме кон електричната енергија (ВИДЕО)
    Next Article Мицкоски: Развојот на економијата мора да се темели на инвестиции во енергетиката

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.