Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Иницијативата „Стоп за Усје“ ги повика граѓаните на утрешниот протест
    Македонија

    Иницијативата „Стоп за Усје“ ги повика граѓаните на утрешниот протест

    20/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Иницијативата „Стоп за Усје“, под мотото „Дојди на блокада!“ повторно повика на протест закажан за утре, 21 јануари од 18 часот, на раскрсницата на булеварот „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“ (во правец кон „Tитан Усје“).

    Од иницијативата велат дека нивните барања биле испратени до повеќе институции на 29 декември, но одговор сè уште нема.

    „Ова веќе не е институционален пропуст, ова е свесно игнорирање на јавното здравје и човековите права. Кога институциите молчат, граѓаните зборуваат. Кога нема одговори, има блокади. Затоа што немаме луксуз да чекаме додека се разболуваме и умираме! Ова е последно предупредување. Здравјето не е предмет за игнорирање. Воздухот не е привилегија. Молкот нема да помине“, стои во една од објавите.

    Во едно од нивните барања, кои се јавно споделени, стои мерната станица кај „Усје“ постојано да врши мерење и јавно прикажување на резултатите, а дополнително и да биде интегрирана во апликациите за мерење на квалитетот на воздухот.

    Исто така, од иницијативата бараат „Усје“ да воведе автоматски CEMS (Continuous emission monitoring system) за постојано следење на оџаците на Цементарницата, како и изрекување казна по принципот на „Безбеден град“ при евентуални прекршоци.

    Од таму бараат и да се ревидираат мерките за прогласување на вонредна еко-состојба за да се постигне целосен стоп на „Усје“, вклучувајќи ги и рудниците, ако граничните вредности на загадување и темературната инверзија се надминат. Воедно, тие бараат стандардите за ПМ10 и ПМ2,5 и NO2 да се усогласат со препораките на Светската здраствена организација (СЗО).

    Во нивните барања, наведено е цементарницата треба да премине кон почисти енергенси, како природен гас или водород, најстрого почитување на сите мерки за спречување фугитивна прашина, поништување на одребата „деловна тајна“ во Законот за контрола на индустриски емисии, како и акредитација на на државната лабараторија за мерење на аерозагадувањето.

    Во нивните објави, стои дека Македонија е „златна кокошка бидејќи нема никаква регулација“, додавајќи дека „Усје-Македонија е најпрофитабилната цементарница во целата Титан групација на светско ниво со 30,3 отсто чист профит“.

    Тие потсетуваат дека додека „Усје“ ја брои заработувачката, секоја година предвремно умираат над 5.600 луѓе поради загадениот воздух.

    Previous ArticleГраѓани добиваат лажни пораки со известувања за сообраќајни прекршоци
    Next Article Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.