Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»МЗ: Цигарите со овошни вкусови ја забрзуваат зависноста, новиот закон ќе ги забрани
    Македонија

    МЗ: Цигарите со овошни вкусови ја забрзуваат зависноста, новиот закон ќе ги забрани

    20/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со новиот закон за заштита од пушење предвидена е забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови, за кои се смета дека ја олеснуваат првата употреба и ја забрзуваат зависноста, соопштија во Министерството за здравство.

    „Ова е една од најсилните превентивни мерки и во европските земји. Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето. Целта е да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни материи, а според последните истражувања овие производи често полесно создаваат зависност“, се вели во соопштението на министерството.
    Како што велат оттаму, целта на овој сегмент од законот е заштита на здравјето на младото население, за кое најновите истражувања покажуваат дека меѓу учениците на возраст од 13 до 15 години вкупно 9 отсто моментално користат електронски цигари, а 4,9 отсто од учениците моментално користат тутунски производи кои се загреваат.
    „Предлог-законот за заштита од пушење е усогласен со глобалните јавно-здравствени политики и со насоките на Светската здравствена организација преку рамковната конвенција за контрола на тутунот. Тој воспоставува сеопфатен систем што ги следи клучните принципи на конвенцијата: заштита од изложеност на чад, ограничување на маркетинг, промоција, спречување индустриско влијание преку спонзорства, контрола на достапноста и мерки за превенција и поддршка за откажување“, наведено е во соопштението на министерството.
    Previous ArticleСе зголемуваат цените на бензините и дизел горивото
    Next Article Фон дер Лајен: Заканата со царини за Гренланд е грешка

    Поврзани вести

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    30/05/2026

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    30/05/2026

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    30/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.