Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Муцунски и Тошковски со македонската дијаспора во САД за Велигден

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Обвинителот бара куќен притвор за судијата кој заѕида 350.000 евра во семејната куќа
    Македонија

    Обвинителот бара куќен притвор за судијата кој заѕида 350.000 евра во семејната куќа

    20/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На осомничениот судија од Неготино да му биде  определена мерка куќен притвор, предложил јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд, иформираа денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

    „Денеска предметниот јавен обвинител го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог за определување мерка куќен притвор“, информираат во Обвинителството.

    Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост –  привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

    Пред неколку дена ОЈО информираше дека врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побарал и обезбедил од надлежниот суд, бил извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот биле пронајдени 350.000 евра, за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени.

    „Во рамки на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание“, рекоа тогаш во Обвинителството.

    Previous ArticleОткако Трамп најави нови царини, Макрон предложи Г7 самитот да се одржи во Париз
    Next Article Се зголемуваат цените на бензините и дизел горивото

    Поврзани вести

    Полицијата приведе 38-годишник од Камењане за инволвираност во борби со кучиња

    12/04/2026

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Муцунски и Тошковски со македонската дијаспора во САД за Велигден

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.