Големиот христијански празник Водици – Богојавление и оваа година помина во духот на верата, заедништвото и хуманоста, со значајна поддршка од компанијата Зегин, која традиционално застанува зад оваа манифестација ширум државата.

Хуманоста, желбата за помош и сплотување на доброто кај луѓето се вредности кои компанијата Зегин континуирано ги негува. Токму затоа, и оваа година, Зегин обезбеди награди за над 70 општини низ земјата, давајќи значаен придонес во одбележувањето на еден од најважните христијански празници
Компанијата Зегин упатува искрени желби за многу здравје, среќа, успех и мир до сите учесници на манифестацијата, како и до нивните семејства, продолжувајќи ја својата мисија на општествена одговорност и поддршка на традиционалните вредности.

И покрај минусните температури, на главната манифестација во Скопје учество зедоа повеќе од 160 пријавени учесници, а чествувањата на Водици се одржаа и во останатите скопски општини, како и во бројни градови низ цела Македонија.
Според христијанските верувања, оној што ќе го фати светиот крст ќе биде следен од здравје, среќа и бериќет во текот на целата година, како и сите оние кои со голема храброст влегоа во осветените води.
Со празникот Водици се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и целиот циклус на зимски празници, кои носат пораки на духовно прочистување, нов почеток и заедништво.