Големо признание за младите спортисти од ППК „Зегин“ Берово, кои се најдоа меѓу 500-те најдобри спортисти – стипендисти во сите спортови на ниво на државата .

Со само 11 години, Јован Пармачки се стекна со престижната спортска стипендија, како потврда за неговиот талент, посветеност и постигнати резултати. Истото признание го доби и Бојана Јовевска, која на само 12 години веќе се вбројува меѓу најперспективните млади спортисти во Македонија.
Во оваа елитна група е и нивниот пријател од Скопје, Андреј Стојановски, исто така добитник на спортска стипендија, што дополнително го истакнува квалитетот и успешната работа со младите категории.
Овој успех претставува силна мотивација за понатамошна работа и развој, како за младите спортисти, така и за клубот ППК „Зегин“ Берово, кој континуирано вложува во создавање нови спортски таленти.

