Во читалната на Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево денеска беше поставена мала изложба насловена „Царево село низ страниците на времето (1924–1937)“, преку која се претставени извадоци од весници што сведочат за историскиот, економскиот и културниот развој на тогашното Царево село.

Периодот од 1924 до 1937 година, прикажан преку архивски новински написи, ја отсликува динамиката на општествените промени, предизвиците и стремежите на локалното население. Весниците, како хроника на времето и глас на јавноста, овозможуваат увид во атмосферата и значењето на Царево село во поширокиот историски контекст.
На отворањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, како и поголем број граѓани.

