Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    „Со почит“, изложба на Владимир Муратовски Диво во Скопје

    Зеленски вели дека се чувствува предаден од Трамп бидејќи САД го ограничи пристапот на Украина до Старлинк

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
    Македонија

    Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година

    30/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: Министерство за образование

    За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.

    Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.

    Извор: Министерство за образование

    На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.

    Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.

    Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.

    Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

    Previous ArticleОд недела снег и на пониските места
    Next Article Јокиќ се врати со рекордна партија, Дончиќ приреди вистинско НБА чудо (ВИДЕО)

    Поврзани вести

    Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

    14/10/2026

    Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    13/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    „Со почит“, изложба на Владимир Муратовски Диво во Скопје

    Зеленски вели дека се чувствува предаден од Трамп бидејќи САД го ограничи пристапот на Украина до Старлинк

    Пехчево домаќин на ВМ Класик Рели

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.