Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Понудата за минимална плата е на маса, нека се одважи УПОЗ да ја потпише
    Политика

    Мицкоски: Понудата за минимална плата е на маса, нека се одважи УПОЗ да ја потпише

    31/01/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, не е проблем. Понудата е било каде да се одржи тој состанок – било во Владата, било во ССМ или во некоја друга просторија. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ, има таму уште еден репрезентативен синдикат, ние сме подготвени. Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, нема никаков проблем. Тогаш и овие 7.700 – 7.800 работници државни административци ќе добијат за две години и два месеца миниум 40 проценти поголема плата“, изјави Мицкоски.

    За Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од СДСМ, рече дека не го видел, но дека ставот на Владата е јасен – да се договорат работниците и работодавачите околу зголемувањето на минималната плата.

    „Ние, како најголем работодавач, нашите односи со работниците се регулирани. Останува уште еден мал дел отприлика околу 7.700-7.800 вработени во државната администрација односно административни службеници. Понудата е на маса – доколку синдикатите, двата репрезентативни синдикати или претставници на синдикатите се сложат, ние сме подготвени уште утре тоа да го прифатиме. Со други зборови за две години и два месеца од денеска вработените во државната администрација ќе имаат миниум 40 проценти повисоки примнања. Тоа е нашиот предлог. Останува на синдикалните лидери да се отргнат од политичките влијанија и во интерес на работниците, да го потпишат. Владата во трипартитниот дијалог е само фасцилитатор, а СДСМ е само политичка партија“, изјави Мицкоски.

    Тој со осуда и за судската пресуда за новинарката Лиридона Вејсели која треба да плати казна од 700 евра затоа што во новинарски прилог споменала име на судија.

    „Јас не можам од судијата да побарам одговорност, бидејќи не сум тој кој именува судии, таму има Судски совет,  но, најостро ги осудувам ваквиот тип на ограничување на слободата на говорот. Честопати тоа сум го кажал и сега ќе го кажам, новинарите треба да се однесуваат етички, да служат да ја информираат јавноста. Слободата на говорот е пред сѐ и над сѐ и било кој напад врз новинар, вклучително и овој за кој сега вие кажувате, најостро го осудувам и апелирам тоа да не се повторува во иднина без разлика дали е од страна на некој политичар, некоја јавна личност, судија во случајот, бидејќи тоа може да се толкува како ограничување на слободата на говор“, рече Мицкоски.

    За денешниот протест против Цементарница УСЈЕ, премиерот со став дека секој има право да го искаже своето незадоволство, но дека се работи на тоа да се подобрат работите.

    „Тоа што децении ништо не е направено, јас тука не би можел ништо да кажам. Потпишавме договори за изградба на когенеративни централи и далечинско греење, донесовме електрични автобуси не само во Скопје, ќе добијат и другите градови и Тетово. Работиме на сите можни начини да обезбедиме граѓаните да имаат поздрава и еколошки почиста средина, рече Мицкоски кој денеска беше во посета на Тетово.

    Previous ArticleПротести низ САД против Службата за имиграција и царина
    Next Article Министерството за правда на САД објави нови документи од истражните досиеја на Епштајн

    Поврзани вести

    Пратенички од македонското Собрание ги набљудуваат изборите во Унгарија

    12/04/2026

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав нарекувајќи го „слаб“ и „ужасен“

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.