Општина Делчево и Советот на Општина Делчево во среда, 4 февруари 2026 година, ќе ја одбележат 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев со пригодна свечена програма.
Настанот ќе започне кај Споменикот на Гоце Делчев, со собирање на учесниците од 11:00 часот. Во 12:00 часот е предвидено полагање свежо цвеќе пред споменикот, со што ќе се оддаде почит на ликот и делото на големиот македонски револуционер.

Во 12:00 часот, во Конгресната сала на СОУ „М.М. Брицо“, ќе се одржи историски час на тема животот и делото на Гоце Делчев, наменет за ученици, граѓани и сите заинтересирани.
Одбележувањето се организира под покровителство на Советот на Општина Делчево, предводен од претседателот д-р Никола Стојменовски, и Општина Делчево, со градоначалникот Иван Гоцевски.
Организаторите упатуваат покана до сите граѓани достојно да се приклучат и заеднички да ја одбележат оваа значајна годишнина.
