Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, јасно дефинирани приоритетите и визијата за развој
    Македонија

    Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, јасно дефинирани приоритетите и визијата за развој

    03/02/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: Влада на Р.Македонија

    Владата на денешната седница ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува стратешки, сеопфатен и реформски документ од над 400 страници, кој јасно ги дефинира приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период.

    Портпаролката на Владата, Марија Митева истакна дека програмата е структурирана по области коишто ги опфаќаат надлежностите на законодавната, но и на извршната власт и претставува наша јасна мапа за реформите што следуваат и кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните, функционалноста на институциите, но и на европската перспектива на државата.

    -Во однос на законодавниот дел или она што подразбираме надлежност на Собранието, фокусот е ставен таму каде што државата има најголема одговорност, здравството и образованието. Предвидени се нови, современи и системски закони кои го уредуваат високото и средното образование, научно-истражувачката дејност, но и педагошката служба, како и унапредување на статусот и професионалниот развој на наставниот кадар. Овие решенија се насочени кон квалитет, достапност и одржливост на образовниот систем, како темел на долгорочниот развој.

    Паралелно, Владата силно ја турка и дигиталната трансформација, меѓу другото преку носење на нов Закон за електронска фактура, со кој дигитализацијата на даночните процедури станува клучен столб на даночната реформа. Со ова ќе обезбедиме повеќе ефикасност, повеќе транспарентност, но и помал административен товар за граѓаните и за компаниите, вели Митева.

    За владата, реформата на правосудството останува висок приоритет. Во надлежност на Министерството за правда се предвидени измени на Изборниот законик, со целосно инкорпорирање на препораките од меѓународните мисии, како јасен сигнал за посветеноста кон демократски стандарди, фер избори, но и владеење на правото.

    -Особено значаен сегмент, којшто сакаме да го потенцираме на оваа прес-конференција, е реформата на јавната администрација. Предвидени се системски закони за висока раководна служба, унапредување со квалитетот во јавниот сектор и за првпат воспоставување на единствен систем на плати во јавниот сектор. Станува збор за решавање на долгогодишен проблем, каде платите се уредуваат фрагментирано, често неусогласено и спротивно на уставни начела. Новото решение носи правичност, транспарентност и најважно, усогласеност со Реформската агенда, поточно со чекор 18. Во вториот дел од Програмата, оној којшто се однесува на актите и материјалите по коишто одлучуваме ние како Владата, предвидени се низа на програми коишто се насочени кон директно подобрување на животниот стандард, во областа на животната средина, здравството, безбедноста, образованието и социјалната заштита, истакнува Митева.

    За 2026 година е планиран Оперативен план за активни мерки за вработување, усогласен со реалните потреби на пазарот на трудот, со цел зголемување на опфатот на невработени лица и поефикасна интеграција на ранливи категории.

    -Во економски и промотивен контекст, се отвора ново поглавје преку национално брендирање на туризмот, економијата и државата, под еден јасен, препознатлив и современ имиџ. Ова е силна можност Македонија стратешки да се позиционира пред европската јавност како атрактивна туристичка дестинација и стабилна, отворена економија со сериозен инвестиционен потенцијал. Во здравството, Министерството за здравство иницира подготовка на Стратегија за млади лекари 2026–2030, нешто што има јасна цел а тоа е задржување, мотивирање и професионален развој на медицинскиот кадар. Свесни сме дека во време на недостиг и одлив на здравствени работници, оваа стратегија ќе воспостави системска поддршка, менторство, но и континуирана едукација, што долгорочно ќе значи посилен и постабилен здравствен систем. Исто така, многу важно да се напомене е што за прв пат ќе се воспостави и Центар за дигитални вештини во јавната администрација, клучен инструмент за дигитална трансформација на државата. Програмите ќе бидат наменети за сите структури, од раководни, носители на одлуки и сајбер експерти, но и за целокупниот административен кадар затоа што дигитализацијата не е проект, туку за нас претставува еден долгорочен процес, нагласува владиниот портпарол.

    Митева посочи дека оваа Програма е јасен план со визија, рокови и одговорности. Таа ја отсликува политичката волја на оваа Влада за реформи, стабилност, но и европска иднина и претставува силна основа за година во која Владата ќе испорачува резултати.

    Previous ArticleНОВИОТ СОСТАВ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ ВО ДЕЛЧЕВО ЈА ЗАПОЧНА ИЗРАБОТКАТА НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
    Next Article Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје и 64 отсто помалку на загинати во сообраќајни незгоди

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.