Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
    Македонија

    СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    04/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со свечен историски час и низа пригодни обраќања, денеска во СОУ „Методи Митевски Брицо“ во Делчево беа одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, со што официјално започна и манифестацијата „Гоцеви денови“, обновена по иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

    Настанот беше отворен со воведно обраќање на ученичката Јана Попова, која истакна дека Гоце Делчев не е само историска личност од минатото, туку симбол на визија, борба и непрекината љубов кон својот народ, чија мисла и денес претставува ѕвезда водилка.

    Градоначалникот Иван Гоцевски, повикувајќи се на една од најпознатите мисли на Делчев, нагласи дека неговото дело и денес ја отсликува континуираната борба на македонскиот народ за самостојна и светски призната држава, посочувајќи дека наследството на Делчев е аманет и обврска и за институциите и за граѓаните.

    Извор: FB-градоначалник Иван Гоцевски

    Свое обраќање имаше и директорката на СОУ „Методи Митевски Брицо“, Марина Синадиновски, која изрази чест и задоволство што училиштето е дел од одбележувањето на овој значаен јубилеј.

    „Одредени историски датуми се толку длабоко врежани во македонската историја што стануваат дел од генетскиот код на секој Македонец. Таков е и 4 февруари, датумот кога во 1872 година се роди стратегот на македонската револуционерна борба и великан на современата македонска историја – Гоце Делчев“, истакна Синадиновски.

    Извор: FB-градоначалник Иван Гоцевски

    Таа нагласи дека улогата на училиштето не е само да пренесува факти, туку да гради свест, вредности и љубов кон историјата, потенцирајќи дека делото на Делчев треба да се изучува како пример за храброст, пожртвуваност и борба за правда и слобода.

    „Наше е преку истражувачки проекти, дискусии и отворени часови да им овозможиме на учениците активно да размислуваат, а ликот на Делчев да стане живо присуство меѓу нас. Кога учиме со разбирање и почит, ја продолжуваме неговата мисија – да создаваме образовани, свесни и одговорни млади луѓе“, порача директорката.

    Историскиот час продолжи со излагања на професорите по историја проф. Спиридон Митевски, проф. Митко Антовски и проф. Билјана Петровска, кои од научен и едукативен аспект го претставија ликот и улогата на Гоце Делчев во македонската национална историја.

    Извор: Delcevo 365.mk

    Настанот заврши со порака дека сеќавањето на Гоце Делчев не е само чин на почит, туку трајна обврска кон идните генерации и кон вредностите врз кои се темели македонската државност.

    Со овој настан официјално започна иницијативата за возобновување на манифестацијата „Гоцеви денови“, која има за цел да го негува и афирмира ликот и делото на Гоце Делчев преку образовни, културни и научни содржини.

    Previous ArticleПо премиерата на Канскиот фестивал, филмот „ЛОЈНС“ официјално селектиран на Berlin Critics’ Week 2026
    Next Article Акција на полицијата во Струмица и Струмичко, опсада за 5-те тони марихуана

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.