Со цел систематско унапредување на спортската култура, поттикнување на активен и здрав начин на живот, како и зајакнување на меѓуинституционалната соработка на локално ниво, Општина Берово годинава ги организира „Работничките спортски игри 2026“ во дисциплината мал фудбал.
Настанот ќе се реализира во периодот февруари – март 2026 година, а Општина Берово, како домаќин и организатор, ги поканува сите заинтересирани јавни институции и правни субјекти да се пријават и да земат активно учество на турнирот.

Организациски состанок и пријавување
Првиот организациски состанок ќе се одржи на 09.02.2026 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Салата за Совет на Општина Берово. Секоја заинтересирана екипа треба да присуствува со по еден свој претставник, со цел запознавање со правилата и прописите на Работничките спортски игри 2026.
Право на учество имаат исклучиво лица кои се жители на Општините Берово и Пехчево.
Рокови и почеток на турнирот
Рокот за пријавување е до 16.02.2026 година (понеделник), до 14:00 часот.
Планираниот почеток на турнирот е 19.02.2026 година (четврток), во зависност од временските услови.
Пред извлекувањето на групите и утврдувањето на распоредот на натпреварите, сите пријавени екипи се должни да достават конечен список од 12 играчи, кој ќе биде на увид за сите учесници. Доставениот список ќе важи до завршување на турнирот и не се дозволени измени.
Награди и контакт
За најуспешните екипи ќе бидат обезбедени пригодни награди од страна на Општина Берово.
Пријавите за учество се поднесуваат во просториите на Општина Берово.
Контакт лица:
- Новица Печински –
078 568 818
- Зоран Нешкевски –
071 626 649
