Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Општински вести»Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3
    Општински вести

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Општина Берово, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската Унија.

    Целта на програмата е зајакнување на соработката меѓу општината и граѓанските организации, преку транспарентна распределба на средства и поголемо учество на граѓаните во процесите на креирање јавни политики на локално ниво. Право на учество имаат граѓански организации кои ќе аплицираат со проекти во следните приоритетни области: локален економски развој и туризам, култура и културно наследство, социјална заштита и човекови права, животна средина, енергетска ефикасност и климатски промени, како и млади и спорт.

    -Во периодот на траење на јавниот повик ќе бидат организирани инфо сесија, дводневна обука и менторска поддршка за сите заинтересирани граѓански организации. Инфо сесијата и првиот ден од обуката ќе се одржат на 9 февруари 2026 година во Хотел „Манастир“ во Берово, со почеток во 11 часот, додека вториот ден од обуката е закажан за 10 февруари 2026 година, со почеток во 9:30 часот, информираа од Општина Берово.

    Првата менторска средба како што додадоа ќе се одржи на 16 февруари 2026 година, а термините за останатите менторски средби ќе бидат дополнително објавени на веб-страницата на Општина Берово.

    -Прашања поврзани со јавниот повик може да се достават електронски на е-мејл адресата registry.mk@undp.org, со назнака за ReLOaD3 програмата, најдоцна до 25 февруари 2026 година. Одговорите ќе бидат доставени по електронски пат во рок од три дена од приемот на барањето, додадоа од Општината.

    Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страниците на Општина Берово и УНДП, како и на огласната табла во општината, во рок од 45 работни дена по неговото затворање. Само организациите чии апликации ќе бидат избрани за финансирање ќе бидат известени по писмен пат.

    Рокот за поднесување апликации е до 5 март 2026 година. вс/вј/

    Фото: Општина Берово

    Previous ArticleМрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво
    Next Article Јаневска: Очекувам студиските програми со по 2-3 студенти да се самоукинат или ќе бидат затворени по сила на закон

    Поврзани вести

    Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

    17/02/2026

    Херојска интервенција: Полицијата спаси маж заглавен на тераса при пожар

    16/02/2026

    ТППЕ Берово официјално ја прими донацијата – специјално противпожарно возило донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње, Република Словенија

    13/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.