Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво
    Македонија

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    06/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Мрежата за заштита од дискриминација потсетува дека законите важат за сите и дека нивното почитување е обврска на секој граѓанин. Истовремено, обврска на институциите е да обезбедат услови законските критериуми да бидат еднакво применливи за сите општествени групи. Кога таквите услови не постојат, последиците најчесто ги чувствуваат веќе ранливите заедници, што дополнително ја продлабочува недовербата во институциите и правниот систем.

    Од организацијата нагласуваат дека прашањето за примената на законските услови за управување со моторни возила во изминатите денови прерасна во јавна дебата проследена со сензационализам, генерализации и говор на омраза. Наместо аргументирана и одговорна јавна дискусија за доследна примена на законите и институционалните обврски, јавниот простор беше исполнет со пораки што дополнително ги продлабочуваат поделбите и ја засилуваат стигмата кон цели заедници.

    „Нашето општество треба реално да се соочи со фактите и да ги преиспита досегашните практики на социјална интеграција, кои често не ги даваат очекуваните резултати во унапредувањето на правата на ромската заедница. Сè уште постојат сериозни структурни недостатоци што влијаат врз општествениот живот на Ромите, особено во пристапот до образование, вработување и основни услуги,“ велат од Мрежата.

    Расизмот кон Ромите, посочуваат, останува клучен фактор поради кој, со децении, бројни политики и стратегии наменети за оваа заедница не ги даваат посакуваните резултати во секојдневниот живот. Повеќекратната дискриминација со која се соочуваат Ромите, особено жените Ромки, се манифестира како во институционалниот третман, така и во општествените ставови и стереотипи.

    „На сето ова сме сведоци изминативе неколку денови следејќи го јавниот дискурс кој многу брзо од „возење без возачка дозвола“ прерасна во поделба помеѓу „ние“ и „тие“ – другите, што не заслужуваат ист третман и еднакви права. Нашето општество ја конструираше ромската заедница како суштински поинаква, инфериорна и заканувачка, со цел да го оправда децениското исклучување, дискриминација и нееднаков третман кон Ромите. Овој процес само дополнително ги зацврсти стереотипите и нееднаквата распределба на моќта, претворајќи го конкретното правно прашање во наратив за целата ромска заедница, наместо да се адресираат основните структурни проблеми со кои се соочуваат Ромите“, посочуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

    Образованието е еден од основните предуслови за излез од трансгенерациска сиромаштија, но и понатаму значителен број деца се исклучени од образовниот процес, а дел од оние кои посетуваат настава се соочуваат со сегрегација и покрај пресудите од домашните судови и Европскиот суд за човекови права. Наместо исклучиво казнени пристапи, потребни се системски и долгорочни политики што ќе овозможат пристап до образование, вклучително и образование за возрасни, економска интеграција и социјална поддршка.

    Воедно, Мрежата укажува на загрижувачкиот обем на говор на омраза и закани со насилство во јавниот простор. Институциите имаат обврска да реагираат доследно на ваквите појави, без оглед на тоа кон кого се насочени. Во јавната комуникација, особено од страна на високи функционери, неопходен е внимателен и одмерен тон што ќе придонесе кон доверба во институциите и еднаква примена на законите за сите граѓани.

    Previous Article„Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис
    Next Article Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.