Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

    06/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во интервју за националната телевизија Мицкоски информира дека ќе се одржи ЦК со сите што по статут ќе бидат дел од Извршниот комитет. По автоматизам во ова партиско тело ќе влезат координаторот на пратеничката група, претседателката на Унијата на жените, претседателот на Унијата на младите, претседателот на Унија на ветераните, претседателот на партијата, генералниот секретар…

    Новиот состав на ИК ќе треба да има 29 члена. Мицкоски рече дека ќе побара од ЦК да се донесе одлука за распишување избор на нов претседател на Унијата на ветераните, Унијата на младите и на Унијата на жените. Очекува од 20 до 25 проценти од составот на ИК да бидат нови луѓе од партијата.

    „Да, точно е тоа дека партијата во овој мандат нема повеќе да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар и членови на ИК. Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата и плус некои други имиња. Со тие луѓе јас сум од првиот ден, тие луѓе се мои најблиски сорботници и во интерес на она што веќе го најавив за 2029 година и за принципите што ги застапувам на конгресот во 2029 година партијата ќе има ново раководство, нов претседател итн… Ценам дека е потребно да се има рамен терен за сите оние што се заинтересирани и мислат дека може да додадат вредност, пред сè, во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и во Владата, да може да се кандидираат и да ја побараат поддршката од делегатите на конгресот“, изјави премиерот.

    Мицкоски рече дека првиот состанок со новиот состав на Извршниот комитет планира да се одржи следаната недела кога би се донела одлука за генерален реизбор на општинските комитети на партијата.

    „На тој состанок би излегол и со одредени кадровски решенија во делот на претседател на Градскиот комитет на партијата и претседатели на некои републички партиски комисии итн., со што генерално би ја заокружил врвната структура на партијата. Потоа доаѓа процесот на селекција на претседатели на општинските комитети. Тоа е процес на интервју, нивен избор, бидејќи тие по статут се и членови на ЦК, највисокото тело на партијата. Кога ќе се заокружи тој процес, потоа ќе оставиме време на новите или на старо-новите претседатели на одредени општински комитети да го составот ликот на општинскиот комитет“, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

    Додека тие тоа го составуваат, како што рече, ќе почнат размислувањата и за Владата, за нови кандидати, како и за промена на ресори. Негови очекувања се дека целиот овој процес ќе биде заокружен некаде до мај или јуни. Најави дека од есен ќе има ажурирање на членството на партијата.

    Премиерот Мицкоски најави дека по седницата на новиот состав на ИК следната недела, ќе замине во Минхен, но исто така нагласи и дека во рамките на работата на Владата очекува годинава да се испорачаат многу реформи значајни за граѓаните. Оваа година, како што истакна, ќе биде успешна на повеќе полиња.

    Previous ArticleМуцунски: Посетата на Дубаи отвора нови можности за продлабочување на соработката со ОАЕ
    Next Article Концерт на Национален џез оркестар и Renato Chicco

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.