Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Можеш да бидеш Адријана Лима – ама џабе е: Овие знаци најмногу ги привлекува високата интелигенција, а не изгледот

    Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

    Едногласно – Виктор Вембањама!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Ѓорѓиевски најави дека ќе се распише нов тендер за брзиот автобуски систем-БРТ
    Македонија

    Ѓорѓиевски најави дека ќе се распише нов тендер за брзиот автобуски систем-БРТ

    09/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Градот Скопје се подготвува да распише нов тендер за реализација на брзиот автобуски систем – БРТ. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека веќе е одржан состанок со претставници на ЕБОР, која го финансира целиот проект, што беше целосно закочен неколку години, на кој се разговарало како да се исполнат обврските на градските власти за да може да се распише јавниот повик. Градот Скопје ќе треба да формира работна единица и ќе треба да направи измени во планот за јавни набавки, а ЕБОР ги продолжил роковите за реализација на БРТ до март.

    Претходниот тендер го распиша поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но тој пропадна, а неговата наследничка Данела Арсовска не го продолжи. Првично, проектот за брзиот автобуски систем предвидуваше една линија меѓу Ѓорче Петров и Ново Лисиче, со должина од 12,81 километри, 21 автобуска постојка и 2 терминала. Заедно со изведбата на трасата од првата линија на БРТ, требаше да се набават и еколошки автобуси кои ќе сообраќаат на хибриден погон на гас и електрична енергија, кои ќе бидат долги 18 метри. Покрај изградбата на трасата, која ќе вклучи нов мост на реката Вардар во Карпош 4 и изведба на топла врска на БРТ линијата со Транспортниот центар за брз трансфер на патници, планирана е надградба на постојното депо на ЈСП – Скопје во Ѓорче Петров, како и изградба на ново депо за автобуси во населбата Ново Лисиче.

    Владата ќе набави 100 еколошки автобуси, кои Ѓорѓиевски очекува да почнат да стигнуваат во Скопје до крајот на оваа година, а преку проектот за БРТ, кој ќе се реализира паралелно, ќе се набават уште 30 автобуси. Тој вели дека засега се оспособуваат старите возила на ЈСП, чиј број не е доволен за да се сервисираат потребите на граѓаните, а и состојбата во која се наоѓаат не е задоволителна. Резултат на сето тоа се доцнењата, непочитувањето на возниот ред и големите гужви, кои веќе подолг период се реалност за граѓаните кои го користат јавнот превоз.

    „Пропаѓањето на тендерот за набавка на автобуси не значи дека се откажуваме од проектот, нема да добиеме автобуси во март но ќе бидат до крајот на годината, а ќе има поголем број од тоа што првично беше најавено“, вели Ѓорѓиевски.

    Активистите на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, пак, се против проектот за БРТ да се реализира според постоечкиот проект, во средишното зеленило на булеварите и апелираат да не се уништуваат 7.000 дрвја и грмушки во еден од најзагадените градови во светот. Од ЗХГ посочуваат дека за брзиот автобуски превоз може да се искористи десната коловозна лента.

    „Не е вистина дека мора да се изведе проект, иако е земен кредит од ЕБОР од 70 милиони евра, како што е зацртан и да се дозволи уништување на 7.000 дрвја и грмушки во еден од најзагадените градови во светот. Многу едноставно и поевтино може да се направи БРТ со издвојување на десна лента од постоечките сообраќајни ленти, без да се уништува средишното зеленило“, бараат од ЗХГ и потсетуваат дека под жардињерите проаѓа главната цевка со која се снабдува цело Скопје со пивка вода од Рашче, инфраструктурен објект кој не смее да се доведува во ризик додека постојат алтернативи.

    Previous ArticleОд Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – Никола Ѓуричко настапува во МНТ за роденденската прослава
    Next Article ССМ повикуваат на блокада пред собранието утре во 9 часот

    Поврзани вести

    Полицијата превентивно врши претреси на малолетници во скопските средни училишта

    20/04/2026

    Мицкоски: Бугарија да избере проевропски ориентиран премиер, фокусиран на добрососедски односи

    19/04/2026

    Мицкоски очекува цената на бензинот и дизелот да се намали за 1,5 денари за литар

    19/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Можеш да бидеш Адријана Лима – ама џабе е: Овие знаци најмногу ги привлекува високата интелигенција, а не изгледот

    Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

    Едногласно – Виктор Вембањама!

    (Видео) Танцот на Мадона исмејуван: „Ова е смешно, сепак има 67 години“

    НАЈЧИТАНИ

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026

    Ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово заминуваат на меѓународна размена преку Еразмус+

    18/04/2026

    Мицкоски: Нема поента да се бара екстрадиција на Груевски додека тој има азил

    17/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.