Денеска, во Хотел Манастир во Берово, се одржа информативна сесија за Јавниот повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансиски поддржана од Европската Унија.
Градоначалникот Петар Ружински ги поздрави присутните и изрази искрена благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, како и до Европската Унија, кои преку ReLOaD3 овозможуваат јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор во Берово и создаваат реални можности за имплементација на значајни проекти во општината.
Денешната инфо сесија претставуваше можност за појаснување на сите аспекти поврзани со јавниот повик, со цел граѓанските организации да подготват квалитетни, одржливи и реални проектни апликации.
За сите дополнителни прашања, можност за појаснување и менторска поддршка при подготовка на апликациите, согласно ЛОТ методологијата, граѓанските организации ќе имаат можност и во текот на утрешниот ден.
„Преку заедничка работа создаваме проекти кои ќе донесат конкретни и видливи придобивки за нашите сограѓани“, потенцираше градоначалникот Ружински.

