Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Блупринт групата реагира на постапката на Владата при изборот на претставник во работната група за Судскиот совет
    Македонија

    Блупринт групата реагира на постапката на Владата при изборот на претставник во работната група за Судскиот совет

    11/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Блупринт групата за реформи во правосудството изразува сериозна загриженост за постапувањето на Владата на РСМ во врска со изборот на претставник во работната група за прелиминарна селекција на кандидати за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, наведено е во реакцијата испратена до медиумите.
    „Согласно одредбите од новиот Закон за Судскиот совет  постапката за избор на членови на Советот кои ги избира Собранието започнува со објавување јавен оглас, по што Комисијата за прашања на изборите и именувањата формира работна група за прелиминарна селекција. Законот јасно предвидува дека еден член на оваа работна група треба да биде предложен од граѓанскиот сектор од областа на владеењето на правото и правосудството, преку Советот за соработка меѓу Владата на РСМ и граѓанското општество, како единствено законски надлежно тело за таа намена. Но, во конкретниот случај, дописот од Собранието иако бил уредно доставен до Владата на Република Северна Македонија, во рамки на внатрешната распределба не бил проследен до Советот за соработка, туку до Кабинетот на претседателот на Владата, од каде што е извршена номинација на претставник. Ваквата постапка не е предвидена со новиот Закон за Судскиот совет и претставува директно заобиколување на законски утврдениот механизам за вклучување на граѓанските организации“, се наведува во реакцијата.
    Како што се наведува, со ова сериозно се проблематизира усогласеноста на постапката со законските одредби, а воедно станува невозможно да се испочитува Деловникот на Советот за соработка и принципите на транспарентност и инклузивност.
    „Дополнително, се создава опасен преседан Владата дискреционо да одлучува кој ќе ги претставува граѓанските организации, спротивно на јасната законска рамка. Потсетуваме дека новиот Закон за Судскиот совет беше донесен во декември 2025 година со јасна цел: да се отстранат утврдените слабости од претходниот закон, да се имплементираат препораките од Оценската мисија за функционирањето на Судскиот совет и да се обезбеди транспарентен, инклузивен и на заслуги заснован процес за избор на членови на Советот“, се наведува во реакцијата.
    Блупринт групата апелира институциите да постапуваат со максимална одговорност, почитувајќи ги највисоките стандарди на независност и јавност, како дел од напорите за изградба на стабилен, професионален и независен правосуден систем.
    „Ако не биде постапено согласно законските одредби, може да настанат сериозни импликации врз владеењето на правото, улогата на Советот за соработка и кредибилитетот на новите законски решенија кои предвидуваат вклученост на граѓанските организации. Почитувањето на законите и утврдените постапки мора да биде единствен императив доколку навистина се стремиме кон независен, професионален и кредибилен судски систем.
    Довербата во правната држава се гради преку доследни и транспарентни постапки, особено кога се однесуваат на највисоките функции во правосудството“, се вели во соопштението.
    Блупринт групата за реформи во правосудството ја сочинуваат Институт за европска политика (ЕПИ), Институт за човекови права (ИЧП), Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Хелсиншки комитет за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА).
    Previous ArticleЗајакнување на соработката на Собранието и ДЗР: Ревизорските извештаи важни за унапредување на институционалната отчетност
    Next Article „Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.