Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Бубевски: Не е точно дека сум имал 4 телефони и дека сум влијаел врз судски одлуки
    Македонија

    Бубевски: Не е точно дека сум имал 4 телефони и дека сум влијаел врз судски одлуки

    11/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, преку соопштение до јавноста демантира дека поседувал 4 мобилни телефони и дека влијаел врз судски предмети додека бил обвинител во Специјалното јавно обвиинителство, наводи кои ги кажала адвокатката лејла Кадриу во интервју во емисија „Вечерното шоу на Богдан Илиевски” на ТВ Алфа.

    „Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу. Наводите кои се однесуваат на моето постапување и на работата на поранешното СЈО се невистинити и креирани со цел да наштетат на мојот личен и професионалениот углед, за што веднаш по емисијата иницирав постапка со која од неа побарав извинување за јавно изнесените лаги. Ако не добијам извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и во суд ќе се докаже дека се што беше кажано во наведената емисија е апсолутна невистина“, пишува Бубевски во реакцијата до медиумите.

    Како што тој тврди, вистината е дека тој никогаш немал 4 мобилни телефони.

    „Додека бев јавен обвинител во СЈО имав еден телефонски број кој го користев за цело време додека бев во тоа обвинителство. По враќањето во ОЈО Скопје исто така користам само еден телефон. Мојот единствен, во моментов приватен телефонски број го знаат сите новинари и многу граѓани, бидејќи вистински верувам во начелото на транспарентност и на тој телефон секогаш сум бил и останувам отворен и достапен за сите прашања. Ги отфрлам сите наводи за какво било влијание и стојам зад секоја одлука која сум ја донел“, додава Бубевски.

    Како што додава, во голем дел од ситуациите кои биле претставени, како што е предавањето на прислушуваните материјали во СЈО, тој тврди дека лично воопшто не бил присутен, за што имал и соодветни докази.

    „На страна од тоа, записник за тие материјали постои и тој е дел од доказите во предметот Таргет-Тврдина. Од позиција на поранешна јавна обвинителка за чие оддалечување најпрвин од СЈО, а потоа и од редовното обвинителство, причините се многу добро познати во јавнообвинителската организација, каде и се водени и соодветни постапки за одговорност, Кадриу се обидува да го загрози мојот професионален интегритет и да влијае врз моето извршување на јавнообвинителската функција. Мотивите за овој и други вакви слични настапи мене ми се јасни, но немам намера во ниту еден момент да им подлегнам на тие лаги и манипулации. Ќе ги искористам сите законски механизми за заштита, како што веќе направив и поднесов тужба и за лагите изнесени од уште еден адвокат – поранешен обвинител кој јавно настапува со истите намери и мотиви. Очекувам во судска постапка да се докаже вистината наспроти лагите со кои „храбрите” поединци ја манипулираат јавноста подолг временски период, а со тоа да се утврди и нивната кредибилност како извори за информации во медиумите по однос на вистинските состојби во правосудството“, пишува Бубевски.

    Previous ArticleАХВ: Ако сакате да пријавите неправилност со храна, не можете тоа да го правите анонимно
    Next Article Антивладини протести во Тирана, поради обвинувања за корупција и мешање во тендери

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.