Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Метаморфозис дава поддршка на апелот против поткопувањето на транспарентноста во ЕУ со Законот за вештачка интелигенција (AI Act)
    Македонија

    Метаморфозис дава поддршка на апелот против поткопувањето на транспарентноста во ЕУ со Законот за вештачка интелигенција (AI Act)

    11/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Фондацијата Метаморфозис, заедно со најголемата европска Мрежа за дигитални права EDRi (ЕДРи) и бројни граѓански организации и поединци, упатува итен апел до Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ да ги отфрлат предложените измени во т.н. „AI Omnibus“, кои се закануваат сериозно да ја загрозат транспарентноста и заштитата на основните човекови права.

    По претходните предупредувања за импликациите од овој процес врз Северна Македонија и регионот, Метаморфозис продолжува активно да ги поддржува иницијативите за одговорна регулација на вештачката интелигенција.

    Што е спорно во новиот предлог?

    Главната точка на загриженост е предложеното бришење на членот 49(2) од Законот за вештачка интелигенција. Овој член претставува клучна заштитна мерка која ги обврзува компаниите што развиваат системи со висок ризик, а сакаат самите да се изземат од строгите правила (тврдејќи дека нивниот систем не претставува значаен ризик), задолжително да го регистрираат таквото изземање во јавно достапна база на податоци.

    Според апелот на мрежата ЕДРи, доколку овој предлог се усвои, се отвора опасна „дупка во законот“ која би овозможила, неконтролирана саморегулација со што провајдерите на АИ системи ќе можат еднострано и без никаков надзор да одлучат дека нивниот систем не е ризичен. Потоа, намалена транспарентност, односно јавноста и граѓанските организации нема да имаат увид кои компании се изземале од обврските, што го оневозможува оспорувањето на таквите одлуки. Дополнително, со измените би се оневозможил надзорот над АИ системите, со што сериозно се загрозува безбедноста и заштитата на правата на граѓаните.

    Во отвореното писмо се истакнува дека Европската комисија го оправдува ова бришење со намалување на административниот товар, тврдејќи дека тоа ќе им заштеди на компаниите во просек само 100 евра.

    „Заштедата од 100 евра по компанија е крајно несразмерна со штетното влијание што го предизвикува отстранувањето на заштитната мерка за транспарентност од член 49(2) и не е во согласност со тврдењето на Комисијата дека таргетираните мерки за поедноставување во т.н. „AI Omnibus“ се задржуваат во рамките на она што е неопходно за постигнување на целите на поедноставување и намалување на административниот товар, без притоа да се намали заштитата на здравјето, безбедноста и основните права“, се вели во писмото.

    Зошто ова е важно за нас?

    Како земја која се стреми кон усогласување со европското законодавство, секоја промена во ЕУ Законот за вештачка интелигенција директно ќе се рефлектира и врз домашните политики и заштитата на македонските граѓани. Метаморфозис останува на ставот дека технологијата мора да им служи на луѓето, а не да се развива во нетранспарентни услови кои ги фаворизираат корпоративните интереси пред јавниот интерес.

    Фондацијата Метаморфозис продолжува внимателно да го следи процесот и да се залага за дигитална иднина базирана на отчетност и почитување на човековите права.

    Previous ArticleНаследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната монодрама „Безгрешна“ на сцената на МНТ
    Next Article АХВ: Ако сакате да пријавите неправилност со храна, не можете тоа да го правите анонимно

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.