Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Трендафилов: Поради мизерните плати многу семејства заминаа во странство
    Македонија

    Трендафилов: Поради мизерните плати многу семејства заминаа во странство

    12/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска во 12 часот ја започна блокадата пред Стопанската комора барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на сите останати плати. Неколку десетици луѓе излегоа на улица, од нив 21 колку што е потребно за блокада, стоеја пред зградата на Стопанската комора, а останатите на најблиската раскрсница.

    Претседателот на советот, Слободан Трендафилов имаше обраќање каде им порачаа на работодавачите дека поради „мизерните“ плати и одбивањето да ги зголемат, многу семејства заминаа во странство.

    „Газдите мора да сфатат дека имаат пријатели само во работниците, но може да имаат и непријатели. Проблем е што истите газди, не дозволуваат синдикално организирање во најголем дел од приватниот сектор“, изјави Трендафилов.

    Тој упати порака и до работниците, посочувајќи дека мал број од нив излегуваат на протести, односно „само еден од десет ваши колеги се бори за вашите плати“.

    „Може да замислите што ќе беше ако се боревме 8 од 10 вработени. Може да замислите ако од 540.000 работници само 100.000 излезевте на улица и дали денес ќе требаше да продолжуваме со блокадите и дали ќе треба да организираме уште еден голем работнички протест и дали ќе треба да организираме генерален штрајк“, изјави Трендафилов.

    Тој исто така истакна дека и покрај притисокот што го трпат, синдикатот нема намера да се откаже од своите барања, а организирањето блокади со по 21 човек, како што кажа, е почитување на законот за јавни собири, но и претпазливост, откако во јавноста се појави снимка на која Трендафилов е со своите деца во службено возило, токму на денот кога синдикатите го блокираа Собранието и побараа пратениците на работа да доаѓаат пеш и да не користат средства за патни трошоци.

    Трендафилов кажа дека според информациите што ги добил, се планира јавно таргетирање на работниците кои учествуваат во блокадите.

    „Ми беше кажано дека ќе ги објавуваат, како што го објавија и моето семејство на социјалните мрежи. Не смееме да им се плашиме“, изјави тој, додавајќи дека понудата за зголемување на платите за 6.000 денари и предлогот Владата да ги покрива придонесите сè уште се на маса.

    Обраќање имаше и потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кој им порача на работодавачите дека сè уште може да седнат на маса со Синдикатот и да се договорат.

    „Да заборавиме веќе на плата од 400 и 500 евра, затоа што не само што нема да имаме продуктивни работници, туку нема да имаме никакви работници. Ако газдите не се одважат и не дадат дел од профитот што им го овозможиле работниците, секој ден ќе бидеме на улица со блокади и со шатори и секој ден ќе ги потсетуваме дека за тие плати повеќе нема да работиме“, изјави  Пешевски.

    ССМ следната недела, на 17 февруари најави блокада на Владата, а понатаму е можен протест и во неработен ден, со цел сите работници во државата да имаат шанса да излезат.

    Previous ArticleПретседателот на РКЕ, Бислимоски поднесе оставка
    Next Article Tрамвај излета од шините во Сараево, едно лице загина, неколкумина се повредени

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.