Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Цели региони немаат инспектор за животна средина, Државниот инспекторат наместо 50, има само 25 вработени
    Македонија

    Цели региони немаат инспектор за животна средина, Државниот инспекторат наместо 50, има само 25 вработени

    13/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Куманово, Струмица, Прилеп и Битола воопшто немаат државен инспектор за животна средина, а Охрид, иако е подрачје под заштита на УНЕСКО има само еден. Државниот инспекторат за животна средина има само 25 вработени, иако треба да има 50. Институцијата, која треба да ги следи сите загадувачи кои имаат А-интегрирани дозволи, но и над 3600 капацитети кои работат со елаборати кои ги издава Министерството за животна средина, се соочува со хроничен недостаток на вработени.

    Во моментов во ДИЖС има 13 инспектори за животна средина, тројца за природа и двајца водостопански, иако, како што вели директорката Ивана Гиновска, само за Скопје се потребни десетмина. Оваа година ја започнале со помал број на вработени, бидејќи двајца инспектори заминале во пензија.

    „Повеќе големи општини како воопшто немаат инспектор, а Охрид, има само еден. Покрај нашите редовни задолженија имаме обврски за контрола и на капацитетите до Б-интегрирани дозволи во Охрид и Струга, а многу често помагаме и на општинските инспектори. Успеваме да направиме редовни и вонредни контроли со капацитетите кои ги имаме, но ако се случат два инциденти во исто време ќе биде голем проблем“, вели Гиновска.

    Посочува дека повеќето од вработените се во повозрасни години, а еден годинава ќе оди во пензија и доколку веднаш не се вработат нови, ќе нема кој да ги едуцира и обучи следните генерации, бидејќи за еден инспектор да почне да работи самостојно треба да поминат и до три или четири години.

    „Додека не стекнат искуство помладите инспектори не можат веднаш да работат контрола во големи капацитети, туку треба да започнат со обврски според коефициентот на сложеност на работата. Нѐ очекува многу тежок период и годинава, во 2025 работевме со 15 иснпектори за цела држава бидејќи двајца колеги беа подолго на боледување. Направивме над 1770 надзори, издадовме 530  решенија, седум кривични и 32 прекршочни пријави и инициравме казни од над 600.000 евра“, вели Гиновска.

    Посочи дека веќе доставила барање до министерот Муамет Хоџа за осум нови вработувања, сите за инспектори за животна средина.

    Хоџа, пак, вели дека барањето треба да го испрати до Министерството за финансии, од каде се чека зелено светло за нови вработувања.

    „Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со Финансии дека ова прашање мора да биде приоритет и дека во најкраток рок ќе се екипира Инспекторатот“, вели Хоџа.

    Државниот инспекторат за животна средина се соочува и со намалување на буџетот. Годинава, институцијата располага со 35 милиони денари, или два милиони помалку од минатата година, од кои 85 отсто се користат за плати на вработените. Директорката Гиновска вели дека им фалат и возила.

    „Сите, освен две возила, во Инспекторатот се набавени од донатори“, посочува таа.

    Инспекторите, особено водостопанските, кои одат во контрола на непристапен терен, како на пример малите хидроцентрали, во минатото мораа посетата да ја најават кај компаниите кои ги контролираат за да им обезбедат теренско возило.

    Previous Article(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
    Next Article (Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.