Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Владата анализира, но засега не планира да ги покачи давачките за цигарите – заштитата од пушењето ќе се воведувала „фазно“
    Македонија

    Владата анализира, но засега не планира да ги покачи давачките за цигарите – заштитата од пушењето ќе се воведувала „фазно“

    15/02/20266 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Владата сè уште нема конкретен план дали и кога ќе ги зголеми цените на тутунот, алкохолот и засладените пијалаци и покрај јасните препораки од Светската здравствена организација (СЗО) државите тоа да го сторат. Оттаму неодамна ги повика земјите да ги зголемат реалните цени на овие производи за најмалку 50 отсто до 2035 година, преку т.н. здравствени даноци. Целта според СЗО е двојна, односно намалување на хроничните незаразни болести и обезбедување дополнителни јавни приходи за здравствените системи, кои се под сè поголем притисок.

    На прашањата на Мета.мк дали Владата планира да ги следи овие препораки и дали евентуалното зголемување на цените би се спроведувало постепено, од Владата засега нема конкретни планови.

    „Сите препораки на релевантните меѓународни организации се следат и се разгледуваат со особено внимание. Во моментов не е донесена конкретна одлука за евентуално зголемување на цените на тутунот, алкохолот и засладените пијалаци, ниту за динамиката на спроведување на вакви мерки. Секоја идна одлука ќе биде резултат на внимателен процес, кој ќе опфати дополнителни анализи, меѓуресорска координација и проценка на јавниот интерес“, се наведува во одговорот.

    Во меѓувреме, владата ретерираше и во најавите за носење на новиот предлог-закон за заштита од пушењето според кој се забранува пушење на сите видови никотински производи, вклучувајќи ги класичните цигари, електронските цигари, вејп-апаратите и апаратите за загревање на тутунски производи и тоа во сите затворени угостителски објекти, фирми, како и во и пред јавни институции, училишта, градинки, станици, пазари и спортски и културни објекти. Сето ова било одлучено по „дијалогот со бизнис заедницата“.

    Инаку, предлог-законот предвидува и забрана за пушење во автомобил доколку во него има дете. Казните за граѓаните би се движеле од 150 до 300 евра, а за фирмите до 5.000 евра.

    Тутун, алкохол и засладени пијалаци поттикнуваат епидемија на незаразни болести

    Светската здравствена организација (СЗО) пред неколку месеци ги повика државите да ги зголемат реалните цени на тутунот, алкохолот и засладените пијалаци за најмалку 50 отсто до 2035 година, преку здравствени даноци.

    „Иницијативата „3 до 35“ доаѓа во време кога здравствените системи се под огромен притисок поради растот на незаразните болести, намалувањето на развојната помош и зголемувањето на јавниот долг. Консумацијата на тутун, алкохол и засладени пијалаци ја поттикнува епидемијата на незаразни болести. Овие болести, вклучувајќи срцеви заболувања, рак и дијабетес, учествуваат со повеќе од 75 отсто од сите смртни случаи на глобално ниво. Според еден неодамнешен извештај, еднократно зголемување на цените за 50 отсто на овие производи би можело да спречи 50 милиони предвремени смртни случаи во следните 50 години“, објави СЗО.

    Д-р Џереми Фарар, помошник генерален директор за промоција на здравјето и превенција и контрола на болести при СЗО, кажа дека здравствените даноци се една од најефикасните алатки оти ја намалуваат потрошувачката на штетни производи и создаваат приходи што владите можат повторно да ги инвестираат во здравствена заштита, образование и социјална заштита.

    Во периодот од 2012 до 2022 година 140 земји ги зголемиле даноците на тутунот, што довело до зголемување на реалните цени за повеќе од 50 отсто во просек.

    „Од Колумбија до Јужна Африка, владите кои воведоа здравствени даноци, имаа намалена потрошувачка и зголемени приходи. Сепак, многу земји и понатаму обезбедуваат даночни олеснувања за индустрии што произведуваат нездрави производи, вклучително и тутунската индустрија. Дополнително, долгорочните инвестициски договори со индустријата кои го ограничуваат зголемувањето на даноците за тутунот можат сериозно да ги поткопаат националните здравствени цели. СЗО ги охрабрува владите да ги преиспитаат и да ги избегнуваат ваквите исклучоци со цел поддршка на ефикасна контрола на тутунот и заштита на јавното здравје“, пишува во објавата на СЗО.

    Владата ќе оди со „мека имплементација“ по дијалогот со бизнисмените 

    Државниот советник во Министерството за здравство, Никола Грбчевски, во гостување на ТВ 21 изјави дека имплементацијата ќе оди постепено, најпрво со едукација и опомени, а дури потоа со казни.

    „Не би го нарекол ретерирање, би го нарекол фазна имплементација во смисла на тоа дека во дијалог со јавноста и во дијалог со бизнис заедницата одлучивме да одиме со мека имплементација. Имплементација што ќе значи на почеток опомени, едукација“, рече Грбчевски.

    Претходно, одговорните во Министерството за здравство преку повеќе соопштенија за јавноста „го правдаа“ носењето на новиот Закон за заштита од пушење со кој се регулира пушењето на отворен јавен простор каде има присуство или движење на повеќе луѓе.

    „Со законот е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Посебен акцент е ставен нa локациите каде луѓето не можат реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како на пример, при чекање во ред, простори на отворено каде се престојува подолго и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето кои чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не можат да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население“, се наведува во едно од претходните соопштенија од министерството.

    Во друго соопштение, во кое има изјава на министерот за здравство Азир Алиу, се потенцира дека ќе се регулира употребата на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето.

    „Целта е да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни материи, а според последните истражувања овие производи често полесно создаваат зависност. Исто така, предвидена е забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со: овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови, за кои се смета дека ја олеснуваат првата употреба и ја забрзуваат зависноста. Ова е една од најсилните превентивни мерки и во европските земји. Примарна цел на овој сегмент од законот е заштита на здравјето на младото население, за кое најновите истражувања покажуваат дека меѓу учениците на возраст од 13 до 15 години вкупно 9 отсто моментално користат електронски цигари, а 4,9 отсто од учениците моментално користат тутунски производи кои се загреваат, а 10,6 отсто пријавиле дека некогаш ги користеле“, вели Алиу.

    Previous ArticleВо следните часови лекарите треба да донесат одлука за директорот на РК Војводина
    Next Article Струга Трим Лум нема избор – најдобриот мора да стисне заби!

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.