Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Најчестите грешки во негата на кожата што го забрзуваат стареењето: Не смеете да го правите ова

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Обилни врнежи предизвикаа поплави во Кичево, Гостивар и Сарај, евакуирани 180 лица
    Македонија

    Обилни врнежи предизвикаа поплави во Кичево, Гостивар и Сарај, евакуирани 180 лица

    15/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во текот на ноќта и претпладнето предизвикаа поплави и излевање на реки во Кичевскиот, Гостиварскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) во пресекот на состојбата до 12:30 часот.

    Најсериозна е состојбата во Кичево, каде Зајашка река се излеа на улицата „Прилепска“ и зафати повеќе куќи. Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. На терен интервенираат екипи од полицијата, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби, а известени се локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување. Организирана е достава на храна и вода за евакуираните со поддршка од Црвениот крст, а од Скопје се испратени дополнителни тимови со ќебиња, душеци и друга неопходна помош. Според досегашните информации, нема животно загрозени лица, но врнежите и понатаму се интензивни и состојбата внимателно се следи.

    Од општина Кичево информираа дека „поради лошите временски услови и интензивните врнежи“, повторно настанале поплави кај ул. „Прилепска“. Според нив, погодени се околу 200 лица, и оние кои имаат потреба од времено згрижување ќе бидат сместени во спортската сала во Иванидол.

    Од општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност и препорачуваат да се избегнува движење низ поплавени улици и подрумски простории. „Доколку има ризик, исклучете електрична енергија во домовите“, додаваат оттаму.

    Во Скопскиот регион, преку бројот 112 се пријавени повеќе случаи на поплавени дворови и подрумски простории во селата Идризово, Буковиќ и Зелениково, како и во населбата Радишани. Пријавите се проследени до надлежните општини, извршен е увид и се преземаат мерки за санирање на штетите. Директорот на ЦУК, заедно со претставници на Владата и локалната самоуправа, е на терен во општина Сарај, каде се координира институционалната реакција. Екипи од противпожарните служби вршат испумпување вода од поплавените објекти, додека ЈП „Водовод и канализација“ работи на стабилизирање на канализациската мрежа.

    Во Гостиварскиот регион поплавени се куќи во селото Беловиште и во населбите Циглана и Бањечница, а во селото Балиндол е пријавен затрупан канал поради што се зафатени неколку домови. Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка, по што биле известени противпожарната единица и полицијата. Поплавите се резултат на излевање на Сушичка река и затрупани канали, а планирано е ангажирање механизација за расчистување.

    Во Тетовскиот регион е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Ѓермо, поради што патот е блокиран за сообраќај. Од утринските часови е воведена и забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег. Засега нема значително зголемување на водостојот на реките во овој регион.

    Надлежните институции информираат дека остануваат на терен сè додека состојбата целосно не се стабилизира, со цел заштита на населението и намалување на материјалната штета.

    Previous ArticleЈокиќ одговори на критиките на Дурент: Ништо не ми менува…
    Next Article Мицкоски: Членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

    Поврзани вести

    Полицијата приведе 38-годишник од Камењане за инволвираност во борби со кучиња

    12/04/2026

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Најчестите грешки во негата на кожата што го забрзуваат стареењето: Не смеете да го правите ова

    Полицијата приведе 38-годишник од Камењане за инволвираност во борби со кучиња

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.