Екипата на Шкупи ја остави зад себе тешката пресметка со Тиквеш (0-6) и во текот на целата недела интензивно се подготвуваше за следниот предизвик. Тимот од Чаир и гостува Македонија Ѓорче Петров, со верба дека може да прикаже квалитетна партија на зелениот терен.
„Работевме напорно цела недела и детално го анализиравме тимот на Македонија Ѓорче Петров. Свесни сме дека тие се фаворити и имаме максимален респект кон противникот, но нема да се предадеме. Ќе се бориме во текот на сите 90 минути, исто како што сме правеле и во минатото“, изјави тренерот на ФК Шкупи, Алиса Виши.
Виши исто така потврди дека е формиран новиот стручен штаб, кој ќе ги предводи младите фудбалери во предизвиците на Првата македонска фудбалска лига.
„Ние сме млад тим, со ново раководство и со многу квалитетен и искусен стручен штаб. Заедно со Бујамин Асани, првиот асистент Седат Бериша и Јетон Абази, секојдневно даваме максимум во работата. Без разлика на моменталната ситуација во клубот, ќе се бориме до крај бидејќи имам максимална верба во моите играчи“, додаде Виши.
